123
17 shares, 123 points

Бестселерот на Audi е најдобар автомобил во светот во 2014 година. Ова е втора титула за Audi откако при премиерното издание на изборот пред десет години триумфираше Audi A6.

Третата генерација на Audi A3 е автомобил од светски калибар. Компактот на Баварците победи во конкуренција на 24 возила за титулата на светски автомобил на 2014 година. Така реши жирито од 69 водечки новинари од 22 земји.

Новиот A3 се нуди во каросериски изведби со 3 и 5 врати, како кабриолет и како лимузина, со бензински и дизелски мотори со турбонатполнење и директно впрскување. Дополнително е достапна верзија g-tron со погон на метан и бензин. Наскоро ќе стартува и A3 Sportback e-tron со хибриден погон и можност за возење на струја до 50 километри.

Првата генерација на A3 беше претставена во 1996 година, како пионерски чекор на Audi да се понуди премиум возило и во компакт класата. Марката Audi досега седумпати е наградувана во изборот за автомобил на годината:

  • 2005 Audi A6 Светски автомобил на годината
  • 2007 Audi RS 4 Спортски автомобил на годината, Audi TT Дизајн на годината
  • 2008 Audi R8 Спортски автомобил на годината, Audi R8 Дизајн на годината
  • 2010 Audi R8 V10 Спортски автомобил на годината
  • 2014 Audi A3 Светски автомобил на годината

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

123
17 shares, 123 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *