125
17 shares, 125 points

Audi го проширува моделското семејство на A1 со изведбата Citycarver. Станува збор за кросовер врз основа на A1 Sportback. Подвозјето е подигнато за 35 милиметри, што заедно со бандажи од најмалку 16 инчи го зголемува растојанието од подлогата за четири сантиметри.

Маската во мат црна боја и со графика на пчелино саќе го следи стилот на Q-моделите. Над маската има два надолжни изрези, додека долу се забележува заштита на подвозјето, којашто е лакирана во сребрена боја. Впечатлив контраст создаваат арките во крилата и проширените прагови. Задниот браник го следи робисниот изглед на предниот дел од Audi A1 Citycarver.

По желба, покривот може да биде лакиран во митски-црна металик или мехнетен-сива металик боја. Со овој пакет доаѓаат и додатоци во долниот дел од каросеријата, кои се лакирани во сјајна црна боја, место во стандардната сива боја.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Забележлив детал внатре се отворите за воздух кои прават целина со дигиталните инструменти. Играта со боите продолжува и тука. Рамката околу отворите за воздух, внатрешните страни во средишната конзола и делот кај рачките за врата се лакирани во „минт“, бакарна, портокалова или сребрена боја. Доколку се избере опремата S line, дополнителен избор е сивата боја. Останатите нивоа на опрема се Advanced и Design Selection.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Целната група на A1 Citycarver ја откриваат грижливо понудените можности за инфо-забава и вмрежување. Кросоверот од најмалиот модел на Audi ќе ги привлекува младите возачи и оние што се чувствуваат такви. Дигиталните инструменти се стандард. Над тоа може да се добие познатиот виртуелен кокпит на Audi и MMI Navigation plus. Во врвната изведба на навигацијата следи дисплеј од 10,1 инчи. Патната цел може да се внесе како произволен текст. Компанијата Here, којашто им припаѓа на германските премиум марки, потоа онлајн го пресметува патувањето и ги зема предвид патните услови во пошироката околина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со доплата за пакетот за динамика се добиваат црвени сопирачки клешти, но и систем за контрола на погонската спрега Audi drive select, генератор на звук во кабината и подвозје со приспособливи амортизери.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Audi A1 Citycarver може да се нарачува веќе од август, а испораките ќе стартуваат наесен.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
17 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *