за

Audi одбележува 20 години од првата победа на Леман

Audi одбележува 20 години од првата победа на Леман
Audi одбележува 20 години од првата победа на Леман

Поглавјето на Audi на Леман изобилува со историски моменти и врвни достигнувања. Audi R8R и Audi R8C беа првите тркачки прототипи со четири прстени на Леман, R8 доминираше шест години, R10 TDI е прв победнички дизел на Леман, R15 TDI plus имаше победа 1-2-3 и R18 e-tron quattro е прв победнички болид со комбинација од хибрид и погон на сите тркала.

Пред дваесет години, Audi R8 победи на 24 часа Леман – исто како да победи трипати, со формацијата 1-2-3. Марката од Инголштат остана во светскиот шампионат во издржливост цели 18 години, победувајќи 13 пати. Многумина ќе се присетат и на името Том Кристенсен. Данецот постигна победа со Audi во 2000, 2001, 2002, 2004, 2005, 2008 и 2013 година.

Кусо присетување на победничките автомобили на Audi на „маратонот“ во Леман

https://photos.app.goo.gl/pkp767HZm3k3zYFk8

Audi R8R – 1999

Audi го лансираше претходникот на R8 во 1999 година, кој заврши на 3-то и на 4-то место во генерален пласман. Моторот на тркачкиот прототип беше 3,6-литарски V8, со твин-турбо и 540 КС. Автомобилот имаше отворен кокпит.

Audi R8C – 1999

Во првата година на Audi на жешкиот асфалт (марката своевремено доминираше во релито), се експериментираше и со автомобил со затворен кокпит. Моторот беше ист, но автомобилот беше конструиран во Британија и се натпреваруваше во класата LMGTP (Le Mans GT prototype). Двата болиди се откажаа од трката, поради проблеми со менувачот.

Audi R8 – 2000-2006

Еден од најуспешните „маратонци“ на сите времиња. R8 победи 63 пати, само на Леман петпати. Audi со R8 освои седум шампионати во американската Леман-серија. Со карбонска шасија и карбонска школка, автомобилот имаше погон назад и поседуваше шестстепен менувач со пневматска активација.

Audi R10 TDI – 2006-2008

Во 2006 година, Audi ја постигна својата шеста победа во седум години, станувајќи прв производител што победил со дизел. Револуционерниот Audi R10 TDI ја користеше веќе долго докажаната TDI-технологија: 5,5-литарски V12 твин-турбо, со 650 КС и со неспоредлива штедливост во споредба со конкурентите.

Audi R15 TDI/R15 TDI plus – 2009-2011

Победникот при своето деби во Себринг во 2009, R15 TDI доби нов мотор V10 TDI со повеќе од 600 КС и над 1.050 Nm вртежен момент. Полесен и кокомпактен од TDI V12 во претходникот R10, моторот беше поштедлив, автомобилот имаше подобар баланс. Во 2009 година, победи Peugeot. Французите останаа силни и во следната година, квалификувајќи се со 1-2-3-4. Нивниот Peugeot 908 се држеше одлично на трката. Трите Audi R15 TDI plus притискаа. На крај, Peugeot не ја издржи трката, Audi комплетно го освои подиумот.

Audi R18 TDI – 2011

Во последните шест години на Леман, Audi победи уште четирипати, со што вкупниот број на победи го искачи на 13, за само 18 години. За разлика од претходниците, новиот R18 TDI имаше затворен кокпит. Уште една промена беше воланот од десната страна – заради побрза замена на возачите.

Audi R18 ultra & R18 e-tron quattro – 2012

Audi стартуваше со четири болиди на Леман два R18 ultra и два R18 e-tron quattro. Двата модели имаа дизел, со преполовен број цилиндри во споредба со 5,5-литарскиот V12 на R10 TDI. Моторот беше 3,7-литарски V6, но болидите беа и побрзи и поштедливи од претходниците.

Audi R18 e-tron quattro – 2013

Од оваа сезона, Audi се натпреваруваше само со R18 e-tron quattro со хибридна технологија. Том Кристенсен го псотигна деветтиот триумф, заедно со Алан Мекнис и Лоа Дувал.

Audi R18 e-tron quattro – 2014-2015

Болидите претрпеа значајни промени, со посилен хибрид и со нов 4,0-литарски V6 TDI. Моторот трошеше 22 проценти помалку гориво од претходникот, иако беше посилен.

Audi R18 – 2016

Во последната сезона во маратонот, Audi посебно се посвети на аеродинамиката на R18. Останаа хибридот и погонот на сите тркала. Во споредба со TDI од 2006 година, овој трошеше 46% помалку гориво. По победата на 6 часа Спа Франкоршамп, R18 заврши на Леман на третото место, за во завршетокот на сезоната пак да постигне победа 1-2 на трката во Бахреин.

Марката со слоганот Vorsprung durch Technik (форсшрунг дурх техник), односно предност со помош на техниката, потоа се посвети на Формула Е, како фабрички тим во сезоната 2017/18 – победувајќи во дебитантската година.

Како Audi ги создава моделите RS?

Како Audi ги создава моделите RS?
Како Audi ги создава моделите RS?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Осум цилиндри е подобро од шест: Porsche Cayenne GTS

Lexus ќе ја претстави новата лимузина IS на 16-ти јуни

Lexus ќе ја претстави новата лимузина IS на 16-ти јуни