123
18 shares, 123 points

Додека новата генерација на Audi A6 доживува премиера во Женева, нејзиниот далечен предок Audi 100 се подготвува да се појави пред публиката на Техно Класика, најголемиот салон на олдтајмери во светот. Уште два модела имаат големи јубилеи годинава.

Пред половина век се појави првиот Audi 100, далечниот предок на денешниот A6. Овој модел го означи влезот на Audi во вишата средна класа. Бурна автомобилска историја стои зад ова моделско име. Во средината на 1960-те години, Volkswagen го презеде Auto Union од Daimler-Benz, со план фабриката во Ингоштат да ја искористи како дополнителен производствен капацитет за „бубата“ на VW. Таа и натаму се продаваше одлично.

Тогашниот шеф на Volkswagen забрани Audi да развива нови модели

Во меѓувреме, сопствениот DKW F102 на Auto Union доживеа освежување и доби четиритактен мотор, како обид да се поттикне неговата продажба. Моделот имаше интерна ознака Audi F103 и го означи враќањето во живот на марката Audi. Шефот на Volkswagen, Хајнрих Нордхоф, забрани во Инголштат да се развиваат нови модели.

Но, Хенрик Краус, тогашен технички директор на Auto Union и поранешен кадар на Daimler-Benz, не веруваше во иднината на „бубата“ и без знаење на шефовите во Volkswagen продолжи да го развива новиот модел под името Audi 100. Дури кога автомобилот беше комплетно готов, тој беше презентиран пред Нордхоф.

Audi 100 е првиот сериски автомобил со компјутерски конструирана каросерија

Стотката“ е прв сериски автомобил со компјутерски конструирана каросерија. Планот беше големиот автомобил да се произведе серија од 100.000 примероци, но интересот на пазарот беше толку голем, што моделската серија се проиведе во дури 827.474 примероци.

Токму тајноста во развојот на овој модел придонесе Audi да остане како самостојна марка. Модерните и популарни модели на Audi го спасија Volkswagen, којшто во почетокот на 1970-те години се соочуваше со големи проблеми во продажбата. Бубата беше прастара, а ниту Volkswagen 411 не направи напредок со воздушно ладениот мотор назад.

Користењето на модерната техника од Audi го спаси Volkswagen

Volkswagen се спаси само поради тоа што можеше да посегне по моделите од Audi NSU и во 1970 година го претстави Volkswagen K 70, за во 1973 година да следи и Volkswagen Passat на база на Audi 80.

Во почетокот, под хаубата на Audi 100 работеа четирицилиндарци од 1,8 и 1,9 литар, базирани врз моторот од Mercedes во Audi F103. Овие конвенционални мотори со брегасто вратило отстрана беа издржливи и штедливи, но работеа грубо. Во 1974 година, Audi ја замени најслабата варијанта на стариот мотор од 1.760 cm3 со моторот EA827 од новиот Audi 80, со зафатнина од 1.588 cm3 и брегасто вратило во главата.

Лимузината со две врати чинеше исто колку класичната верзија со четири врати

Производството на Audi 100 во 1971 година се пресели во поранешната фабрика на NSU во Некарсулм. Моделската понуда се состоеше од класична лимузина со четири врати, лимузина со две врати (со иста цена како верзијата со четири врати, поради сложената коснтрукција), како и спортското купе со ознака Audi 100 Coupe S.

Корозијата се покажа како голем проблем за првата серија од Audi 100, впрочем како и за сите автомобили што се произведоа во концернот Volkswagen во втората половина на 1970-те години. Неквалитетната рециклирана ламарина поседуваше релативно висока концентрација на бакар во составот, поради што се појавуваше интеркристална корозија.

Покрај неколку примероци од првата генерација на Audi 100, на салонот на олдтајмери Техно Класика во Есен ќе бидат изложени и натпреварувачкиот Audi 200 quattro TransAm од 1988 година и Auto Union Typ D од 1938 година.

Audi 100: Моделот на којшто Volkswagen му е благодарен најмногу

Историска изложба „Од нула до 100“ во музејот на Audi


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

123
18 shares, 123 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743