за

Audi ќе вградува трицилиндарци во моделите A1 и A3

audi a1 три цилиндри

Шефот Руперт Штадлер потврди дека најмалечкиот модел на Audi наскоро ќе добие мотор со три цилиндри, а по него ќе следи и компактот А3. Еднолитарецот со 90 КС моментно се вградува во Polo и Up.

За време на одржувањето на салонот во Пекинг, шефот на Audi најави дека трицилиндарските мотори наскоро ќе почнат да се вградуваат и во најмалечките два модела на германската премиум марка. Руперт Штадлер тврди дека моторите нудат доволна динамика и солидно повлекување. Прв модел на Audi со трицилиндарски мотор ќе биде најмалечкиот во понудата и технички близнак на Volkswagen Polo, моделот A1.

Според првиот човек на марката од Инголштат, пред петнаесет години било задолжително моделите во вишата класа да користат шестцилиндарски мотори, додека денес истата задача без проблеми ја вршат и помали четирицилиндарци. Оттаму, нема да биде необично кога во блиска иднина трицилиндарските мотори ќе станат стандард во основната понуда на помалите модели.

Audi ќе го користи трицилиндарскиот мотор со зафатнина од 1,0 литар што Volkswagen моментно го вградува во моделите Up и Polo, каде што постигнува моќност до 90 КС. Моделите на Audi ќе имаат малку поголема моќност од тоа. Смалувањето на моторите ги опфати и многу поголемите класи на возила. Ford веќе потврди дека новата генерација на моделот од средната класа Mondeo ќе го добие еднолитарскиот мотор со три цилиндри од Fiesta и Focus, а се очекува истиот потег да го направи и BMW во основниот модел на серијата 5.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Daimler ќе ја освојува Кина со електричниот автомобил Denza

Ново друштво за C63 AMG: Mercedes C450 AMG и C400