за

Audi ја отвора фабриката во Мексико во септември

Audi ќе стартува со производство во фабриката во Мексико на 30-ти септември. Прв модел од Сан Хозе Чиапа ќе биде Q5. Во меѓувреме, Мексико произведува повеќе автомобили од Кореја.

Свеченото отворање на новата фабрика на Audi во мексиканскиот Сан Хозе Чиапа ќе се случи на 30-ти септември. Расте бројот на автомобилски производители што го откриваат Мексико како исплатлива локација. Експертите предвидуваат дека продукцијата на автомобили во земјата ќе се зголемува за околу десетина проценти на годишно ниво. Државата во Централна Америка во меѓувреме ја престигна и Кореја, како шести најголем производител на автомобили во светот.

Во Мексико веќе произведуваат Volkswagen, General Motors, Ford, Nissan, Honda и Toyota, а наскоро и BMW. Државата ги привлекува автомобилските гиганти со договорите за слободна трговија, за разлика од САД. Покрај тоа, цените за работен час се релативно ниски, а и најголемите добавувачи за автомобилската бранша се веќе одомаќени во Мексико.

Audi инвестира 900 милиони евра во новата фабрика, во погони за изработка на каросерии, лакирница, завршна монтажа и преса. Околу 3.800 вработени ќе произведуваат до 150.000 возила годишно. Прв модел од мексиканска продукција ќе биде Audi Q5.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британската фабрика на Nissan произведува со струја од сонцето

mitsubishi outlander phev

Следниот Mitsubishi Outlander PHEV пристига во 2019 година