за

Audi работи на електричен турбополнач

Инженерите на Audi тестираат мотори со електричен турбополнач којшто треба да ја подобри реакцијата на моторот и да ги зголеми перформансите. Ова е конечно збогување со „турбодупката“.

Баварците прв пат ја најавија идејата за вградување на турбина со електричен погон уште во 2012 година, паралелно со претставувањето на актуелниот трилитарски V6 TDI со 313 КС и 650 њутнметри. Дополнителната електрична турбина се вградува пред конвенционалната турбина и работи само неколку секунди при поаѓање или при забрзување на излез од свијок.

За демонстрирање на можностите на новата технологија, Audi го вгради дизел моторот во купето RS5. Место стандардните 313 КС, моторот во тест возилото постигнува 385 КС и максимален вртежен момент од 750 њутнметри. Според најавите на Audi, спортското купе забрзува за околу четири секунди до 100 km/h, што е половина секунда подобро отколку кај RS5 со серискиот осумцилиндарски бензинец со 450 КС. Крајната брзина изнесува преку 280 km/h, додека потрошувачката е под пет литри на 100 километри.

Audi не планира да го пушти овој „RS5 TDI“во стандардната понуда, но затоа е сосема извесно дека првиот дизел со електрично турбо ќе се најде во идните генерации на A4, A6 или Q7.

AT120473_large

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖУВА ИЗЛОЖБА НА ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ

Десетте најстари модели во продажба