за

Audi нуди виртуелна посета на фабриката во Инголштат

Audi Stream виртуелна посета фабрика
Audi Stream виртуелна посета фабрика

Барате уште еден начин за виртуелно да излезете од изолацијата? Audi им нуди на ентузијастите можност за тура со водич низ својата фабрика во Инголштат, безбедно во актуелната ситуација и од дома.

Услугата е наречена AudiStream и претставува онлајн интерактивна тура во најголемата фабрика на Audi во светот, приближно со иста големина колку Монако. Фабриката поседува и сопствена железничка станица, којашто се води како „Ingolstadt Audi“.

Audi произведува автомобили во фабриката повеќе од 70 години. Само во 2019 година, од баварската фабрика излегоа 441.608 автомобили. Модерни системи за производство и напредни тешнолошки решенија овозможуваат висока ефикасност во производството, со почитување на животната средина. Во фабриката се користи строго „зелена струја“ уште од 2012 година.

Со помош на AudiStream може да се прошета низ фабриката во само 15 минути, од каде било во светот. Потребен е само компјутер или паметен телефон со пристап на интернет, за услугата AudiStream да се користи бесплатно.

Audi е прв производител на автомобили што ја нуди оваа можност. Фановите на марката со четирите прстени можат виртуелно да го посетат каросериското одделение за Audi A3 и линијата за завршна монтажа на A4

Секој ден се произведуваат по 2.300 автомобили од 45.000 работници. Посетата вклучува и мошне впечатливи моменти, како на пример првото стартување на моторите.

Водичот ќе одговори на сите прашања што ќе ги постават посетителите преку интерактивна дискусија во живо или онлајн разговор.

Преостанува единствено да се резервира термин за 20-минутната прошетка низ фабриката на Audi во Инголштат, преку регистрирање на www.audi.stream

View this post on Instagram

Forty, but sporty. #40YearsOfquattro

A post shared by Audi USA (@audi) on

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електричен камион Fuso eCanter, Daimler, Ирска

Електричен камион разнесува пошта во Ирска

Ferrari планира да ја скуси платата на Фетел

Ferrari планира да ја скуси платата на Фетел