за

Audi избира само еко-лиферанти за идниот e-tron

Само добавувачите што работат на одржлив начин ќе можат да учествуваат во производствениот синџир на премиум марката. Новиот пристап на Audi ќе стартува со електричниот теренец e-tron и следната генерација на A3. Погоните ќе се проверуваат од стручен тим на Audi, работниците ќе се интервјуираат колку се задоволни од условите на работа.

Од минатиот месец Audi ја оценува еколошката работа на своите добавувачи. Во иднина, компоненти за возилата на премиум марката ќе можат да испорачуваат единствено добавувачите што Audi ќе оцени дека работат на одржлив начин, односно ги почитуваат стандардите за заштита на животната средина.

Првиот човек за набавки во Audi, др. Бернд Мартенс: „Одржливиот добавувачки синџир за нас претставува важна стратешка цел. Само тие што ги почитуваат нашите стандарди, можат да станат партнери на Audi.“ Според тоа, одржливоста станува важен критериум при изборот на добавувачите, покрај цената, квалитетот, технолошката способност и иновативноста..

Одржливоста подразбира и здрава работна средина кај добавувачите

Од 2018 година на истиот начин ќе се оценуваат и лиферантите за производствените постројки и машини, исто како и понудувачите на услужни дејности во овие подрачја. Оценувањето се врши при посета на производствените погони на добавувачите, вклучувајќи и интервјуа на вработените. Се оценуваат животната средина, социјалните услови и интегритетот. Неколку производители за таа цел веќе го користат стандардниот формулар „European Automotive Working Group on Supply Chain Sustainability.

Audi предлага да се воведе единствен стандард за сите производители на автомобили, за одржливоста на добавувачите да не мора повеќепати да се проверува и оценува. Покрај тоа, овој стандард ќе можат да го користат и самите добавувачи, за сопствениот синџир на поддобавувачи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германските возачи го напуштаат дизелот

Кинеска компанија ги презема анласерите на Bosch