за

Audi го зголемува производството на хибридниот A3

Пазарот бара повеќе примероци од хибридниот Audi, дневната продукција се зголемува од 30 на 50 возила

Баварците се задоволни со продажбата на нивниот прв хибрид со надворешно полнење и ја зголемија дневната продукција на 50 возила. Има резерви и за повеќе.

Летоска Audi стартуваше со производство на A3 Sportback e-tron во матичната фабрика во Инголштат. Флексибилноста во фабриката овозможува првиот хибриден модел со надворешно полнење на батериите на Audi да се произведува на иста линија со моделите со конвенционален погон. Во хибридниот компакт работат заеднички 1,4-литарски TFSI и електромотор од 75 киловати, постигнувајќи системска моќност од 204 КС. Автономијата на погонот на струја изнесува до 50 километри, по што е неопходно да се повика на помош конвенционалниот бензинец. Во оваа комбинирана работа, A3 Sportback e-tron троши 1,5 литар во првите сто километри.

Продукцијата на e-tron првпат беше зголемена во септември, на 30 возила дневно, а сега следува ново зголемување на 50 возила. Доколку пазарот покаже поголем интерес, Audi може без проблеми да одговори со своите производствени капацитети.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пуштете ги да испогинат – Ние се префрлуваме на тротинет!

Suzuki воведува двојна смена за новата Vitara