Половина година Audi ја испорачуваше верзијата на суперспортскиот R8 со погон на струја на богати ентузијасти на електричниот погон. Моделот изработуван строго по нарачка сега се повлекува од ексклузивната понуда на Audi, за на неговото место да се појави електрична верзија на идниот Q6. Но, дотогаш има уште многу време.
Суперспортски автомобил со моќност од 462 КС и вртежен момент од 920 њутнметри, способен да забрза од место до сто за само 3,9 секунди? Овој автомобил сигурно не е за отфрлање. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека овој суперспортист го умее сето тоа без да потроши ниту грам гориво, нешто тука не штима. Не, доколку се работи за конвенционален погон. Ова сепак се перформансите на Audi R8 e-tron, верзијата на скапото купе на марката од Инголштат, со погон на струја.
Со досег од преку 450 километри со едно полнење, R8 e-tron беше само чекор зад најмоќната верзија на Tesla Model S. Но, ако калифорниската лимузина е ексклузивна и скапа, германското купе е уште поексклузивно и поскапо. Малку е познато колку точно примероци се изработија од електричниот Audi R8 и по колкава цена за примерок. Помалку од малку.
Audi ја менува стратегијата и електричниот погон повеќе не го третира ексклузивно, туку како погон што треба да биде достапен до купувачите. Во таа стратегија, скапиот и безобразно несекојдневен R8 e-tron не одговара. Затоа Audi сега го прекинува неговото производство и прави место за идниот знаменосец во понудата од електрични модели, за верзијата на Q6 со погон e-tron.
На салонот во Франкфурт лани, Audi покажа како ќе изгледа идниот Q6, преку концептот E-Tron Quattro. Сериската верзија на теренецот ќе стартува со продажба веќе в година, за во 2018 година да следи и електричната верзија на моделот.