за

Audi ги претвора салоните во виртуелна реалност

Заинтересираните купувачи на Audi добиваат можност во салонот да го конфигурираат посакуваниот автомобил преку очила за виртуелна реалност. Уште еден пионерски чекор на Audi.

Audi VR experience за првпат им нуди можност на заинтересираните купувачи, при посетата на салонот да го конфигурираат посакуваниот автомобил преку очила за виртуелна реалност. Во очилата се прикажува целата понуда на модели со четирите прстени, вклучувајќи ги сите можни комбинации од опрема. Audi е прв производител што разви сопствен софтвер за примена во виртуелната реалност.

 

Новата технологија ќе почне да се применува во салоните на Audi веќе во текот на оваа година. Предност имаат пазарите во раст
Новата технологија ќе почне да се применува во салоните на Audi веќе во текот на оваа година. Предност имаат пазарите во раст

 

Лука де Мео, прв човек во продажбата и маркетингот на Audi, ги претстави очилата на салонот во Детроит. „Виртуелната реалност“ на Audi се доживува во три димензии, со сите звучни ефекти, и како што тврдат креаторите, со мошне реално доживување. Купувачите можат виртуелно да седнат зад воланот на возилото што го конфигурираат или да погледнат во багажникот. Притоа, камера ги следи движењата на главата на корисникот, за системот соодветно да ја приспособи сликата. Може да се избираат бои, вид на кожа и на декоративни лајсни, или мултимедиски системи.

Со очилата за виртуелна реалност одат и слушалки зо врвен квалитет од Bang & Olufsen, за слушање на звукот од 14-каналното озвучување на Audi A8, на пример
Со очилата за виртуелна реалност одат и слушалки зо врвен квалитет од Bang & Olufsen, за слушање на звукот од 14-каналното озвучување на Audi A8, на пример

Технологијата ќе почне да се применува во салоните на Audi веќе во текот на оваа година, особено на пазарите што бележат голем раст. Во иднина се планира и мобилна примена, независно од продажните салони, на пример во домот на купувачот. Системот во салоните користи висококвалитетни слушалки од специјалистот Bang & Olufsen, за на пример да се доживее звукот на 14-каналното озвучување во Audi A8.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia со рекордна продукција во фабриката во Словачка

Skoda Fabia како уметнички објект