за

Audi во летно жнеење на награди

Марката со четирите прстени не го користи летниот период за одмор, туку е максимално активна во собирање награди и одликувања низ светот.

Една од најзначајните награди што ѝ припадна на марката од баварскиот Инголштат е за „мотор на 2014 година“. Моторот 2.5 TFSI петти пат ја освојува титулата за најдобар мотор во категоријата со зафатнина меѓу два и 2,5 литри. Експертсткото жири особено ги цени моќта, перформансите и звукот на овој мотор. Петцилиндарскиот мотор се вградува во Audi RS Q3.

Компанијата „Фрост & Саливен“ го одликуваше проектот на Audiза е-горива и спроведувањето на проектот е-гас со наградата за „Визионерска иновативност за 2014 година. Станува збор за сеопфатен проект за производство на синтетички гас како погонско гориво, вклучувајќи и за производство на специјални моделски изведби G-tron коишто го користат ова гориво. Дел од произведениот гас се користи и за производство за струја и нејзина диструбуција во заедничката струјна мрежа во Германија.

Во поглед на иновативната технологија, по напредокот што марката го постигна на полето на осветлување, сега следува кокпитот. Audi го освои жирито во рамките на изборот за „најдобри автомобилски ентериери за 2014 година“ со виртуелниот кокпит во новата генерација на купето Audi TT. На меѓународниот фестивал на креативноста во Кан, Audiосвои статуетки со канскиот лав за кампањите „Планина, река, десерт“ и за погонот Quattro.

Дизајнот на Audi A3 ја понесе победничката титула во категоријата на компакт автомобили на гласањето што германскиот магазинот Auto Bild го организираше за своите читатели. Компактот на Audiосвои 14,6 ’% од гласовите на читателите и се најде на врвот во својата класа, победувајќи во конкуренција од 80 модели. Истиот магазин го одликуваше Audiи за моделите Q3 и A6 allroad quattro, во рамките на изборот на најдобри теренски возила и кросовери.

Глобалната ориентираност на престижната марка на концернот Volkswagen доби одликување и за продажниот салон на Audiво Сингапур, како „најдобар продажен салон“ во регионот на Азија и Пацификот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русија ќе го забрани увозот на автомобили од Западот?

Tesla ја продолжува гаранцијата на осум години