за

Audi воведе „столчиња“ за работниците во фабриката

Здравјето на вработените е од голема важност во Audi. Во фабриката во Некарсулм се тестира нова технологија што ќе ја олесни работата на монтажните ленти: Столица без столица.

Работниците во фабриката на Audi во Некарсулм отсега вистински ќе уживаат во работата. Тие добија „столчиња без столчиња“, изработени од карбон и изведени според последна технологија, коишто овозможуваат при работата да се заземе положба на седење, но без столица. На тој начин се постигнува поправилна положба на телото и се растоваруваат нозете.

Правилната и релаксирана положба при работа резултира со поголема продуктивност и повисок квалитет
Правилната и релаксирана положба при работа резултира со поголема продуктивност и повисок квалитет. Наскоро следува примена на Chairless Chair  во фабриката во Инголштат

„Безстолната столица“ е еден од неколкуте проекти што Audi ги води во ергономијата во производството веќе неколку години. Со нив е попријатна работата и не се нарушува здравјето, а од друга страна, се постигнуваат поголема продуктивност и повисок квалитет во работата. Audi ја разви иновативната столица во соработка со стартап претпријатие од Швајцарија и таа претставува егзоскелет што се носи од задната страна на нозете. Столицата се прицврстува на појасот, колената и на зглобовите со помош на ремени. Две површини обложени со кожа служат како потпора за задникот и кукот, а двете половини изработени од карбон се приспособуваат според формата на ногата. Овие половини се споени со зглоб и се местат хидраулично според висината и според саканата положба за седење. Тежината е само 2,4 килограми.

Три варијанти од новите столици од пред неколку денови се тестираат во монтажата на моделите Audi A4 и Audi A6, конкретно во подготовката за монтажа на кокпитот, кадешто досега се работеше само стоејќи. Во мај ќе започне тестирањето и во фабриката во Ингоштат, за потоа да стартува и редовна примена на столицата во производствениот процес.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Yamaha планира градски двосед во стил на Smart

Златна награда за дизајн за новиот Volkswagen Passat