за

Audi со цела гама модели во филмската адаптација на „Fifty Shades of Grey“

Марката со четирите прстени ќе биде присутна во повеќе сцени во филмот „Fifty Shades of Grey“. Адаптацијата на истоимениот роман од Е.Л. Џејмс ќе почне да се прикажува на 13-ти февруари.

Audi R8 V10 Spyder, Audi S8, Audi S7, Audi Q7 3.0 TDI и новиот Audi A3 TFSI 1.8 – тоа е дел од автомобилската актерска постава за филмската адаптација на бестселерот „Fifty Shades of Grey“ од Е.Л. Џејмс. Очигледно е дека моделите на Audi ќе доминираат во уличните сцени во филмот чијашто кинопремиера се очекува со нетрпение. Главна тема на филмофилите деновиве е претстојната премиера на „Fifty Shades of Grey“ на 13-ти февруари следната година. Американската централа на Audi не си дозволи да го пропушти овој важен момент и денес ја објави комплетната листа на модели што ќе се појавуваат во „автомобилските“ сцени во филмот.

Вклучувајќи ги продолженијата „Fifty Shades Darker“ и “Fifty Shades Freed“, книгите станаа глобален феномен, постигнувајќи продажба од преку 100 милиони примероци, што ги вбројува меѓу најпродаваните серии новели во историјата. Џејмс ги спомнува моделите на Audi низ целата серија новели, како луксузна марка што ја поседуваат нејзните ликови Кристијан Греј и Анастасија Стил.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari LaFerrari со 1065 КС само за тркачка патека

Што сé регистрираат камерите по руските улици!