за

Audi со историски рекордна продажба во септември

Прославата веќе може да започне за шефот Др. Руперт Штадлер

Марката со четирите прстени веќе 57 месеци расте без прекин. Септемвриската продажба ја достигна дури и највисоката вредност во историјата на Audi. Близу 1,3 милион автомобили се продадени во првите девет месеци.

Порастот во продажбата на Audi продолжи и во септември. Со 159.950 испораки и зголемување од 6,4 проценти, марката од Инголштат го забележи 57-от рекорден месец во континуитет и истовремено ја постигна најдобрата септемвриска продажба во историјата на четирите прстени. Најголем пораст на продажбата има во Северна Америка, со 17,6 проценти. Во првите три квартали Audi продаде 1.298.650 автомобили, односно 10,0 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

„До крајот на годината планираме за прв пат да испорачаме повеќе од 200.000 возила на клиенти во САД, Канада и Мексико“
Лука де Мео, шеф на продажба во Audi

На пазарите во САД (+14,2%), Канада (+43,3%) и Мексико (+24,9%) најпродавани се спортските теренци на Audi. Една третина од вкупната продажба на спортски теренци на Audi во септември е постигната на тие пазари. Меѓу европските пазари предводи Шпанија со плус од 9,4 проценти и 2.476 продадени возила, додека од пазарите со средна големина, енормен пораст и натаму бележат Турција со плус од 72,7% и Бразил (+60,0%). Со 11.439 возила од почетокот на годинава, Audi продаде на турскиот пазар трипати повеќе возила отколку пред пет години.

Во регионот на Азија и Пацификот исто така расте продажбата на Audi: Јапонија (+11,7%), Јужна Кореја (+35,0%) и Австралија (+30,7%). Септември беше рекорден месец и за Кина, со 51.614 испорачани возила и плус од 13,4 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мачка на жешкиот ламаринен покрив … на Opel

Renault Twingo ќе го преземе водството од Fiat 500