161
21 shares, 161 points

Во идната генерација на Audi A4 ќе работи најштедливиот дволитарски бензинец во класата. Инженерите смислија нова техника што овозможува овој мотор со 190 КС да троши колку двапати послабите од него.

На симпозиумот за мотори во Виена, Audi го претстави новиот 2.0 TFSI со 190 КС, којшто ќе доживее премиера во идната генерација на А4 и ќе постигнува најниска потрошувачка на гориво во средната класа – меѓу другото благодарение на иновацијата во постапката на согорување. Семејството мотори TFSI беше претставено пред десет години, како светска премиера на мотор со турбонатполнење и директно впрскување на горивото. Со тоа, Audi го започна трендот на смалување и забавување на моторите. По „даунсајзинг“ и „даунспидинг“, сега следува нов чекор, „рајтсајзинг“.

Техничкиот шеф Улрих Хакенберг го објаснува „rightsizing“: Намалувањето на зафатнината и вртежите успева оптимално единствено ако е во разумен сооднос со класата на возилото и начинот на користење во секојдневието. Rightsizing е оптимална усогласеност меѓу класата на возилото, зафатнината, моќноста, вртежниот момент и потрошувачката во секојдневни услови.

Моќно повлекување од ниски вртежи и рекордна штедливост

Четирицилиндарскиот мотор извлекува 190 КС и вртежен момент од 320 њутнметри од 1.984 сантиметри кубни. Поради тоа што високиот вртежен момент се постигнува во широко подрачје од 1.450 до 4.400 вртежи, секој купувач ќе профитира од моќното повлекување на моторот во секое време. Покрај тоа, новиот 2.0 TFSI се одликува со ниска потрошувачка. Според фабричките мерења, таа изнесува помалку од 5,0 литри и со тоа е значително пониска во споредба со конкурентите во средната класа.

За таа цел, инженерите на Audi ги искористија основите на милеровиот циклус, но со неколку значајни модификации. Времетраењето на вшмукувањето е скусено драстично, со агол на коленасто вратило од 140°, место 190 до 200°. Од друга страна, високиот притисок на натполнење во вшмукувачкиот тракт овозможува оптимално полнење на цилиндрите, иако е значително скусено времетраењето на вшмукувањето.

Покрај тоа, вшмукувачкиот вентил затвора порано, многу пред долната мртва точка. Со тоа се смалува средниот притисок, што овозможува висок степен на компресија, а тој влијае позитивно врз ефикасноста. При средно оптоварување се врши дополнително впрскување гориво пред вшмукувачкиот вентил, со цел да се постигне поефикасно создавање на смеша, којашто преку директното впрскување гориво се збогатува уште во вшмукувачката гранка и во комората за согорување. На крајот, променливите одови на вшмукувачките вентили (Audi Valvelift System AVS) овозможуваат кусо времетраење на вшмукување при слабо оптоварување, односно подолго времетраење на вшмукувањето при повисоко оптоварување (агол на коленасто вратило 170° при полно оптоварување).

Со сите овие модификации, новиот дволитарски бензинец развиен според принципот на „рајтсајзинг“ овозможува штедливост на мотор „даунсајзинг“ при ниско оптоварување, односно моќ на мотор со поголема зафатнина при повисоко оптоварување. Но, покрај модификациите во согорувањето, 2.0 TFSI со тежина од само 140 килограми располага и со натамошни технологии за ефикасност. Струењето на течноста за ладење на моторот се регулира со цел, времето на загревање на моторот да се скуси колку може повеќе. Тоа се постигнува, меѓу другото, со издувната гранка којашто е интегрирана во главата на моторот, исто како кај 1,2-литарските бензинци. Штедливоста е постигната и со натамошно намалување на триењето, како и користењето на лесноодно масло со степен на вискозност 0W-20.

Новиот 2.0 TFSI ќе доживее премиера заедно со новата генерација на Audi A4, чијашто премиера е најавена за салонот во Франкфурт во септември.

audi a4 20 tfsi motor


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743