за

Сервиси во странство испраќаат шофер по возилото

prezemanje vozilo servis germanija
prezemanje vozilo servis germanija

Доaѓа време за редовно сервисирање на возилото или можеби отстранување дефект, но се нема време. Еден независен синџир од сервисни работилници во Германија започна со услуга што излегува во пресрет во тој поглед. Сервисот испраќа возач да го преземе возилото и да го врати по извршениот сервис – тоа засега функционира само за деловните партнери.

Германскиот независен синџир од сервисни работилници АТУ им нуди на своите деловни партнери услуга за преземање и враќање на возилото при сервисирање на истото. Услугата засега се нуди само за фирмите што имаат потпишано договор за соработка со АТУ и достапна е во 60 ограноци во земјата. Тоа е дел од дигиталната стратегија што ја реализира познатиот сервисен синџир.

Преземањето и враќањето на возилото се остварува во соработка со стартап компанија, чијашто дејност во основа се сведува на онлајн-берза на работа во подрачјето на логистиката, односно превозот. Кога сопственикот на возилото договара датум и време за сервисирање, ја наведува и адресата за преземање на возилото, по што АТУ распишува оглас за преземање и враќање на истото, преку партнерската онлајн-плаформа.

Британски What Car со список на најиздржливи и најрасипливи модели

Најиздржливи марки на американскиот пазар според JD Power

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 6 и 7 години

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 4 и 5 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

VW.ID.R rekord nirburgring

Volkswagen ID.R постави „електричен“ рекорд на Нирбургринг

Skoda Mountiaq

Пикапот од Skoda Kodiaq се вика Mountiaq и дело е на ученици