за

Лускузното возење во иднина ќе се одвива по небото

Aston Martin Volante Vision Concept

Aston Martin Volante Vision е името на најновото концептно возило од британската марка и тука нема ништо необично. Но, необично е тоа што не се работи за автомобил, туку за луксузно летало коешто полетува и слетува вертикално, како хеликоптер. Партнери во развојот се Универзитетот Кренфилд и „авионскиот“ Rolls-Royce

Според Aston Martin, концептот ја прикажува генијалноста на дизајнерите, иако пораката може да се разбере и поинаку. Луксузните автомобилски марки во иднина ќе се издвојуваат по тоа што повеќе нема да возат, туку ќе летаат. Триседот прикажува концепт на автономно летало за градски и меѓуградски превоз, со плагин-хибриден погон. Луксузното возење во иднина ќе значи избегнување на уличниот метеж, со пристојна брзина и со чист погон.

Aston Martin Volante Vision Concept 1

Автомобилската марка учествува во концептното возило со дизајнот, и уште поважно, го нуди своето име, додека Универзитетот и Rolls-Royce се приклучуваат со врвна експертиза во аеронаутиката и во погонската техника.

Шефот Енди Палмер: „Воздушното патување ќе биде главен дел од транспортот во иднината. Volante Vision Concept e ултимативно луксузно решение за мобилност.“

Креаторите на концептот имаат јасна визија. Патувањето до работа и назад обично трае еден час во големите светски метрополи. Volante Vision Concept ќе овозможи луѓето да живеат подалеку од урбаните средини во коишто работат, а повторно да пристигаат на работа за еден час. Градовите ќе растат, малечките градови ќе се спојуваат со нив и ќе стануваат предградие. Тоа значи дека за „бегство“ од урбаниот метеж ќе мора да се отиде уште подалеку.

Aston Martin Volante Vision Concept 2

Најверодостојниот приказ за мобилноста на иднината доаѓа од Марек Рајхман, дизајнерот на Aston Martin DB11, на новиот Vantage, на DBS Superleggera и Aston Martin Valkyrie: „Се наоѓаме на почетокот на нова генерација на урбан превоз. Вертикалната мобилност повеќе не е сон. Имаме единствена можност да создадеме концепт на луксузно летало, коешто ќе го претставува врвот во уметноста и технологијата.“

Така станува појасно. Моќните магнати во 1970-те години ги заменија суперлуксузните автомобили со приватни млазни авиони. Во последниве години, луксузот повторно се „приземјува“, но само на кусо време. Новите луксузни летала во иднина нема да носат имиња на производители на авиони, туку на производители на престижни автомобили. Со автопилот, погон на струја и веројатно уште еден милион услуги што се достапни преку интернет.

[FAG id=33762]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW компјутерска томографија

BMW ги прегледува автомобилите со компјутерска томографија

Nissan Leaf najprodavan evropa

Nissan Leaf со 18.000 продадени примероци до јуни