142
20 shares, 142 points

Актуелниот Aston Martin Vantage е најпродаваниот модел на британската куќа во историјата. Тоа е голема обврска за наследникот, когошто шефот Енди Палмер го најавува како чистокрвна возачка машина што ентузијастите долго време ја чекаа. Под хаубата работи осумцилиндарец од Mercedes-AMG.

Името Vantage има големина речиси колку самиот Aston Martin. Нема потреба да се посочува марката, доволно е Vantage. Првиот автомобил на Британците со оваа ознака се појави во 1951 година, на наострената верзија на DB2. Потоа, Vantage прераснува во име на моделската серија којашто го одбележува почетокот на понудата на Aston Martin.

Aston Martin Vantage со нов дизајнерски пристап, но потеклото и натаму е јасно препознатливо

Почнува ново поглавје во историјата на Aston Martin Vantage. Потеклото на новата генерација на моделот се распознава јасно, исто како што е јасно дека станува збор за модел со најнов датум. Тоа што масивни спојлери и крила не го нарушуваат изгледот се должи на мајсторијата на Aston Martin да ги „сокрие“ аеродинамичките компоненти. Слично како кај DB11, новиот Vantage буквално се служи со трикови при спроведувањето на воздушните струи, со цел да се задржи чистиот и препознатлив изглед на Aston. Единствен исклучок е издигнатиот раб на задниот капак, за првпат кај сериски модел на куќата.

Aston Martin Vantage New 9

Благородната нота продолжува и во кокпитот со јасни форми, но и со детали коишто укажуваат на моќноста на Vantage. Седењето е пониско, што во комбинација со повисокиот страничен појас треба да го интензивира чувството на сплотеност со возилото. Во средишната конзола се натрупани мал милион команди и прекинувачи, со доминантни копчиња за автоматскиот менувач, но штом Aston Martin избрал да биде така, мора да биде така. Британците тврдат и дека има повеќе простор и повеќе практичност во кабината.

На местото на осумцилиндарецот од Jaguar пристига 4,0 V8 од Mercedes-AMG

Срцето на Aston Martin Vantage е четирилитарскиот твин-турбо V8. Моторот пристига од новиот партнер, Mercedes-AMG, и вграден е колку е можно повеќе зад предната оска, заради совршен баланс во распределбата на тежината. Германскиот осумцилиндарец тука располага со 510 КС при 6000/min и 685 Nm при 2000/min. Инженерите во Гајдон работеле главно на усовршување на вшмукувачкиот и издувниот тракт, заедно со зафати во контролната електроника на моторот. Тоа резултира во различен карактер од AMG и во звук што е препознатлив за Aston.

Aston Martin Vantage New 2

Осумстепен автоматик од ZF пред задната оска ги испорачува њутнметрите до задните тркала и овозможува спринт од 3,6 секунди до сто. Крајната брзина е 314 километри на час, за малку под звучната граница од двесте милји на час. За првпат во Aston Martin се користи и електронска симулација на блокада на заден диференцијал, со способност за стопроцентно „затворање“ за само неколку милиселунди.

Основата на подвозјето доаѓа од DB11

Подвозјето со алуминиумска структура е слично на DB11, со 70% од компонентите специфични за Vantage. Целата задна оска и менувачот се потпираат на посебна рамка, за новите гуми Pirelli P Zero, развиени специјално за Vantage, да го пресликаат комплетниот генетски код на Aston Martin врз асфалтот. Подвозјето со приспособливи амортизери ја користи технологијата Skyhook и на возачот му нуди три различни режими: Спортски, спортски плус и тркачки.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Технички податоци · Aston Martin Vantage

Мотор V8, твин-турбо, 4,0 литри, компресија 10,5:1, моќност 510 КС при 6000/min, вртежен момент 685Nm од 2000 до 5000/min Погон и пренос На задни тркала, кардан од карбон, автоматски менувач ZF вграден назад, електронски диференцијал Подвозје Електрично сервоуправување со запчеста летва, 2,4 вртежи меѓу крајни положби, водење на предни тркала со две триаголни водилки, мултилинк задна оска, стабилизатор и спирални пружини на обете оски, приспособлива амортизација со три модуси Sport, Sport + и Track, гуми Pirelli P Zero, напред 255/40/20, назад 295/35/20, сопирачки дискови напред 400 mm, назад 360 mm, електрична паркирна сопирачка Димензии и тежини Д х Ш х В 4465 х 1942 х 1273 mm, меѓуоскино растојание 2704 mm, резервоар 73 литри, празно возило 1530 kg, распределба на тежина 50:50 Перформанси 0-100 km/h за 3.6 s, крајна брзина 314 km/h Потрошувачка на гориво (град / пат / просек) 14,4 / 8,2 / 10,5 L/100 km

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Цените за новиот Aston Martin Vantage почнуваат од 120.900 фунти во Велика Британија, односно 154.000 евра за германскиот пазар. Испораките ќе стартуваат рано напролет, односно веднаш по салонската премиера во Женева.

Aston Martin Vantage

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
20 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743