за

Aston Martin Vanquish Zagato пристига во отворена верзија на Пебл Бич

Две е подобро од една. Aston Martin го почитува ова искуство и премиерата на Vanquish Zagato Coupe на собирот во Калифорнија ја придружува со премиера и на кабриолет изведбата од спектакуларниот модел.

За дизајнерското парче Vanquish Zagato Coupe да не остане „осамено“ на традиционалниот собир на богати и убави во калифорнискиот Пебл Бич, Aston Martin веднаш ја испраќа и кабриолет изведбата од моделот. Исто како купето, Vanquish Zagato Volante ќе се изработи во серија ограничена на 99 примероци.

Кабриолетот е последен модел од соработката со култната каросериска работилница од Милано, којашто датира уште од пред шест децении, почнувајќи од тркачкиот DB4 GT Zagato од 1960 година, па се до DB7 Vantage Zagato од 2002, V12 Vantage Zagato од 2011 и купето Vanquish Zagato од годинава.

aston martin vanquish zagato volante 00001

Под хаубата работи V12 со 600 КС, на кого 3,8 секунди му се доволни да го катапултира Volante до сто километри на час. Кабриолетот ги наследува препознатливите дизајнерски елементи од купето, како задните тркалезни светла во стил на хиперавтомобилот Vulcan. Впечатливо изгледаат задните крила коишто преоѓаат кон хаубата и создаваат силен печат во појавата на благородниот британски автомобил за уживање на отворено. На тоа се надоврзуваат и карбонските панели во долниот дел од опашот.

Сопственото одделение за специјални доработки Q, не случајно именувано по главниот добавувач со спектакуларни изуми на Џејмс Бонд, ќе се погрижи внатрешноста на Vanquish Zagato Volante да добие посебен печат по барање на клиентот, како карбонски влакна испреплетени како коска на харинга, детали од анодизирана бронза или најфина кожа „Bridge of Weir“. Шарата на седиштата и вратите стандардно е изведена во „Z“, а оваа буква како заштитен знак на Zagato е наоѓа и на потпирачите за глава и во средишната конзола.

[FAG id=25229]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen се спогоди со добавувачите, производството продолжува

Daimler го електризира кинескиот пазар со Denza 400