156
20 shares, 156 points

Хиперавтомобилот на бондовската марка го избра вистинското место за првпат да се покаже во возење. Aston Martin Valkyrie со своите 1.176 КС имаше деби на патеката Силверстон, пред утрешната трка за големата награда на Велика Британија. Valkyrie и самиот е Ф1-болид, но со таа разлика што може да добие регистерска таблица.

По месеци минати во дигитално моделирање и компјутерска симулација од инженерите на Aston Martin и на Red Bull Advanced Techonologies, хиперавтомобилот со близу 1.200 КС денес практично првпат возеше во реалниот свет.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Според британската автомобилка куќа што е избор на најпознатиот таен агент во светот, Aston Martin Valkyrie е најекстремен „патнички“ автомобил и воедно основа за прототипот што ќе се користи за светското првенство во издржливост WEC. Тој е остварување на соништата на Адријан Њуи (технички шеф на Aston Martin Red Bull Racing), на Марек Рајхман (главен дизајнер на Aston Martin) и Дејвид Кинг (шеф за специјални проекти во Aston Martin).

Valkyrie е производ од врвниот инженеринг на Aston Martin, на Red Bull Advanced Technologies и на партнерот AF Racing, со петгодишен развој зад себе

Фабричкиот возач Крис Гудвин уште не може да ги прикаже врвните способности на Valkyrie, затоа што претстојат уште многу дотерувања и усовршувања: „Настрана од тоа, денешниот ден ми направи огромно задоволство и се надевам дека и публиката што гледаше од трибините уживаше исто колку јас.“

New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште повеќе одушевеност има во говорот на Енди Палмер, шефот на Aston Martin: „Денес се случи вистинска пресвртница не само за историјата на Aston Martin, туку и за целата наша индустрија.“

Целата серија од 150 примероци од Aston Martin Valkyrie е распродадена, а испораките стартуваат во последниот квартал годинава.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *