Нови модели

Aston Martin Valkyrie: Проектил со дозвола за ниско летање

Aston Martin Valkyrie полека созрева во најспектакуларниот автомобил што досега се има појавено на планетава. Од седиштето на благородничката марка се одважија да откријат неколку детали. Тоа што кралот на ветриштата Њуи го изведе со аеродинамиката, слободно може да се смета како дополнителен мотор на овој нисколетачки болид.

Уште откако Aston Martin Valkyrie беше најавен преку раниот прототип AM-RB 001 пред една година, светот постојано нагаѓа какви чудотвории ќе бидат изведени во овој нискотелечки проектил, кој е супериорен дури и пред болид од формула 1 и само со заобиколување на законите ќе може да добие регистерска табличка да се појави по улица.

Aston Martin Valkyrie 6954

Услужувачите на благородничката клиентела во седиштето на Aston Martin во Гајдон веројатно ќе молчеа уште некое време околу деталите на хиперавтомобилот, да не беше тука и партнерот Red Bull, на когошто изведувањето спектакли пред публиката му е секојдневна храна за душа. Така се случи по една година, светот да дознае детали за Aston Martin Valkyrie, што уште не требаше да бидат откриени.

Само за аеродинамиката на Aston Martin Valkyrie е посветено труд и знаење колку за цела луксузна лимузина

Само во аеродинамиката, кроењето на каросериската школка и во организирањето на кокпитот, сигурно се посветени труд и експертиза колку што се потребни да се развие лимузина од висока класа. Тоа е воедно и сé што досега е утврдено за идниот автомобил.

Aston Martin Valkyrie 5954

Прво се забележуваат масивните вентури-канали околу буквално кадата што го сочинува долниот дел од кабината. Низ овие канали, воздухот фрчи до заднот дифузор и тоа е основата за фанастичната потисна сила што ќе го држи Aston Martin Valkyrie на земја.

Во Valkyrie се седи се подигнати стопала, исто како во формула 1

Седиштата се поставени директно на кадата, а возачот седи со стопалата подигнати, слично како во формула 1 и во тркачките прототипи за Леман. Ремени на четири точки се стандард, како опција се добиваат уште две точки за тие што ќе го продолжат животот на тркачка патека.

Aston Martin Valkyrie 11954

Сите прекинувачи и контроли се поставени директно на воланот, а прикажувањето на виталните информации од возењето е должност на дисплејот од органски светлечки диоди. Секако дека и воланот се отстранува, за воопшто да може да се пристапи до седиштето.

Aston Martin at Goodwood Festival of Speed 2017

Let's take a look back at four days of beautiful Aston Martin sights and sounds at the 2017 Goodwood Festival of Speed.#astonmartinfos

Posted by Aston Martin on Friday, July 7, 2017

Многу е внимавано на прегледноста, не заради полесно паркирање или претстојување по градски булевари, туку заради контрола на случувањата на патеката. За ултраперфектната аеродинамика да не се нарушува со ретровизори, по една камера е вградена во боковите на Valkyrie. Сликата од нив се прикажува на дисплеи во основата на предните столбови. Тоа е единствената шанса за возачот да погледне зад себе, затоа што по целиот покрив врви канал за воздух за моторот.

Клиентите се изненадени од тоа што автомобилот едноставно сака да ги проголта

Според Мет Хил, главниот човек за ентериери во Aston Martin, „клиентите се изненадени од начинот на којшто автомобилот едноставно сака да ги проголта“. Такво чувство добивале среќните добитници при седнувањето во кокпитот, којшто е решен поблиску до стандардните на формула 1, отколку до спортско купе од конфенциска понуда. И тоа им се допаѓа.

Aston Martin Valkyrie 17954

Неколку детали во каросеријата се преправени од првичниот AM-RB001, по налог на генијалецот и перфекционист за контрола над воздухот Адријан Њуи. Најголема промена се има случено кај отворите меѓу кокпитот и предните крила. Тие се додадени затоа што Њуи успеал од нив да постигне драстично зголемување на потисната сила. Додека техничарите можат да раскажат цели томови за аеродинамиката и потисокот, неколку делови од Aston Martin Valkyrie се повеќе разумни. Но, подеднакво сензационални.

Предните светла, на пример, конструирани се според принципите за формула 1. Сé е на апсолутен минимум. Покрај тоа што светлечката група за долго и соборено светло се поставени на рамка од анодизиран алуминиум, тие се за околу 40% полесни од најлесните светла за сериските модели на Aston Martin.

Амблемот е за 99,4% полесен од стандардниот и изработен е со врвна технологија

Дури и амблемот на Aston Martin се видел претежок. Место да применат налепница, како што тоа може да си го дозволи Lotus, техничарите изработиле амблем со дебелина од само 70 микрони, изработен од алуминиум и со гравура изведена со хемиско разјадување. За споредба, тоа е за третина потенко од човечка коса и 99,4% полесно од стандардниот амблем со емајл.

Следен спектакл е задното стоп-светло. Поставено на тенката перка во опашот, светлото е широко 5,5 и високо 9,5 милиметри. Тоа е најмалото стоп-светло во историјата. Пример, колку се внимавало на секој детаљ.

Завршени се 95 проценти од дизајнот, преостанатите 5 проценти преостануваат за интервенциите на Адријан Њуи

Мајлс Нирнбергер, директор за надворешен дизајн, смета дека 95% од дизајнот е комплетира. Најголемиот дел од тоа што се гледа е всушност носечка структура, така што дизајнот во секоја точка морало да биде усогласуван со бројките на техничарите. Тој самиот знае дека преостанатите 5 проценти зависат од Њуи, кој веројатно уште утре ќе проба нов трик кај Valkyrie. Единствено што непрогласениот крал на ветрот не смее да направи е да ја продупчи структурата на школката. Сé друго е дозволено.

За погонот, суспензијата и останатите витални групи, веќе се знае по нешто, но ќе им препуштиме на мајсторите за спектакли во марката да го објават тоа официјално.

Aston Martin Valkyrie 2954

Aston Martin Valkyrie 8954

Aston Martin Valkyrie 9954

Aston Martin Valkyrie 12954

Aston Martin Valkyrie 14954

Aston Martin Valkyrie 16954

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами