за

Aston Martin Valhalla е „рајот за воините“

Aston Martin Valhalla
Aston Martin Valhalla

Aston Martin AM-RB 003 доби име. Како и во досегашните седум децении, името почнува на буквата „V“. Од целосно карбонскиот Valhalla ќе се изработат само 500 примероци.

Новиот хиперавтомобил со средишно вграден мотор на Aston Martin ја напушта кодната ознака AM-RB 003 и добива име. Како продолжение на соработката со Red Bull Advanced Technologies и Адријан Њуви, овој автомобил официјално е Aston Martin Valhalla.

Името е според рајот на воините во нордиската митологија и го продолжува примерот со Valkyrie. Освен симболиката во името, од овој модел произлегува и лесната конструкција на возилото, како и радикалните зафати во аеродинамичноста. Погонот ќе го сочинува V6 со турбонатполнење и електромотор. Од купето со целосно карбонска конструкција ќе се изработат само 500 примероци.

Име што почнува на V првпат беше користено во 1951 година, за посебна изведба на Aston Martin DB2

Традицијата за моделите на Aston да носат име што почнува на „V“ влече корени уште од 1951 година, кога зајакнатата изведба на тогашниот DB2 беше означена како Vantage. Иако ова име никогаш не се најде на каросеријата, автомобиската сцена секогаш беше свесна за него.

Првото појавување на Vantage како ознака на возилото беше дури кај DB5. Името остана со истата симболика до 2005 година, кога Vantage, од име на посебна изведба со засилени перформанси, стана моделско име. По 14 години, оваа серија модели со мотори V8 и V12 е најуспешната серија во историјата на Aston Martin.

Заедно со неодамна претставениот Vanquish Vision Concept, Valhalla ја продолжува стратегијата долга близу седум децении. Шефот Енди Палмер е сигурен дека „тие што имаат среќа да поседуваат примерок од Valhalla, ќе умеат да го препознаат и ценат значењето на името од аспект на славата и среќата, иако е мал бројот на места што се повеќе благословени од возачкото седиште во Aston Martin Valhalla.

За значењето на Валхала:

Во нордиската митологија, Валхала или во буквален превод „хала на паднатите херои“ – претставува огромна и величествена хала во Асгард, едно од деветте кралства. Опишано како рај за воините, таму заминуваат душите на тие што загинале во битка, избрани и водени од Валкирите; група млади воини кои ги собираат жртвите по наредба на Один, врвниот нордиски бог.

Филмски Aston Martin DBS за тристотини илјади и „007“ фунти

Електричниот Aston Martin Rapide E го стави Монако „под напон“

Aston Martin Vantage со мануелен менувач и 95 килограми минус

Турбо провев и симфонија во 715 КС за возачи на Aston Martin

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche prerabotka 356

Изглед на Porsche 356, погон на сите тркала од 911, од Калифорнија

Volkswagen ID.3 батерија

Volkswagen ID.3 ќе се продава со различни батерии и цени