127
18 shares, 127 points

Духот на легендарниот Aston Martin Vantage V600 живее повторно во лимитираната серија на V12 Vantage V600. Пред дваесет години, Aston Martin им понуди на своите купувачи екстремна изведба од Vantage, со V8 со механички компресор и 600 КС според „британското“ мерење, односно 608 КС по наше. Во тоа време, V600 беше еден од најмоќните автомобили.

Aston Martin V12 Vantage V600 3

Денес со помош на специјалистите од „Q by Aston Martin што е вистинското име на одделението за специјални изработки – повторно ќе заживее V600. Вистина, станува збор за само 14 примероци, од коишто половината се купе, а половината родстери. Серијата интерно се води како „Triple V“.

600 КС чисто без турбонатполнење, одгледувани во Германија

Моќта пристига од сопствениот 6.0 V12 на Aston Martin, без турбонатполнење и со најчисто германско потекло. Британците го изработуваат овој мотор како во филигранска работилница, во погоните во Келн коишто ги добија од Ford, поранешниот сопственик на марката. Како кулминација на класиката, менувачот е мануелен, со 7 степени. Подвозјето користи по две триаголни водилки напред и назад, во комбинација со амортизери со три степени на чувствителност.

Aston Martin V12 Vantage V600 1

Triple V се распознава лесно: Завршната каросериска „ламарина“ е изработена од карбон. Постојат и други елементи што потсеќаат на V600 од 1990-те, како надуваната хауба и уникатниот дизајн на маската со темен финиш. Секако дека и дифузорот назад е изработен од карбон. Четирите издувни цевки не остануваат незабележани, исто како и уникатните ковани бандажи со централна завртка.

Aston Martin V12 Vantage V600 5

Темата со карбонот продолжува и внатре, во комбинација со алуминиум. Седиштата се олеснети, средишната конзола е во карбон, инстурментите се сменети. Поголемиот дел од ентериерот е изработен рачно, а само за сознание, Q посочува дека рачката на менувачот е изработена од цело парче метал.

Нарачките за Aston Martin V12 Vantage V600 се отворени, испораките почнуваат во третиот квартал од годинава.

Aston Martin V12 Vantage V600 2

Aston Martin може да биде и гарнитура за седење

Вака изгледа собир на 311 автомобили Aston Martin на едно место

Aston Martin ќе прави нова супермарка од Lagonda

Aston Martin Vantage: Наследник на спортската династија

Во Токио отворен најголемиот салон на Aston Martin во светот

Aston Martin Valkyrie: Проектил со дозвола за ниско летање


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
18 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743