за

Тркачкиот фестивал на Aston Martin се враќа на Леман

Aston Martin trkacki vikend Leman

Популарниот тркачки викенд на Aston Martin се враќа на Леман на 16-ти јуни, со 38 пријавени возачи, меѓу кои и поранешниот пилот во формула 1 и победник на Леман, Мартин Брандл.

Трката во времетраење од 45 минути се одржува во истиот ден со 24 часа Леман, со почеток во 10.15 часот. Првпат на „фестивалот“ ќе учествуваат и два примерока од Aston Martin Vulcan, од суперексклузивниот модел чиешто име е точно погодено за способностите на 7-литарскиот V12 под хаубата.

Поранешниот пилот во Ф1, Мартин Брандл, на трката ќе вози Vantage GT4, подготвен во неодамна отворениот AMR Performance Centre на Нирбургринг: „Не би пропуштил шанса да се тркам на преполна патека на Леман. Ја обожувам патеката.“

И шефот Енди Палмер ќе учествува на спектаклот на Aston Martin на Леман

Реткост е шефови на големите автомобилски марки да учествуваат на трка, но Енди Палмер повторно ќе го направи тоа за Aston Martin. Меѓу познатите личности се и директорот на Prodrive Дејвид Ричардс, ТВ-водителот и врвен готвач Пол Холивуд, како и Џејми Чедвик, кој во мај стана најмладиот возач на 24 часа Нирбургринг.

Од машинеријата на Aston Martin учествуваат V12 Vantage GT3, најуспешен тркачки автомобил на марката, неколку постари примероци од Vantage GT1 и GT2, па дури и победничкиот V8 Vantage GTE од 2016 година.

Како Енди Палмер го спаси Aston Martin со идеите од Nissan

Кога ќе пораснам сакам да бидам Aston Martin

Aston Martin може да биде и гарнитура за седење

Вака изгледа собир на 311 автомобили Aston Martin на едно место

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volvo заменува пластика

Volvo укинува пластика и во канцелариите

ford centar klima

Ford може да повика зима во секое време