за

Електричниот Aston Martin Rapide E го стави Монако „под напон“

aston martin rapide e monako

Aston Martin Rapide E имаше поздравно возење во Монако, пред почетокот на трката во формула Е. Тоа е средината во којашто се движи најголемиот дел од клиентелата за овој електричен автомобил. Доволни се 155 купувачи. 

Во минатиот месец Aston Martin го претстави својот прв автомобил на батерија во Шангај. Викендов, Rapide E се појави и пред публиката во светската престолнина на благородништвото, во Монако. Како што прилега, електричниот автомобил направи почесен круг по најславните улици во светот, пред да се пуштат болидите во формула Е.

Rapide E поседува два електромотора назад, со заедничка моќност од 612 КС и вртежен момент од 950 њутнметри. Трикратниот победник на Леман зад воланот, Дарен Тарнер, мајсторски прикажа за што е способен британскиот автомобил.

Батеријата од 65 kWh и напон од 800 волти е сместена во куќиште од карбон и кевлар. Таа е составена од преку 5.600 цилиндрични ќелии со литиум-јонска техника и поставена е на местото кадешто кај „обичниот“ Rapide се наоѓа шестлитарски V12.

Серијата од 155 примероци од Aston Martin Rapide E речиси е распродадена. Производството ќе започне во последното тромесечје, во новата фабрика во Ст. Етан, Велс.

https://www.instagram.com/p/BxS9MxClx9J/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scania V8 jubilej 50

Мотор V8 со 730 КС: Тоа мора да е Scania

Lamborghini salon svajcarija cirih

Lamborghini го отвори и петтиот салон во Швајцарија