154
21 shares, 154 points

Новата онлајн продавница на Aston Martin ги отвори своите виртуелни порти на shop.astonmartin.com. Тоа е големо олеснување за фановите да се стекнат со парче што го носи знакот на нивната омилена автомобилска марка. Понудата почнува од молив за една фунта, завршува со кожена чанта за 550 фунти.

Некои го поврзуваат Aston Martin со Џејмс Бонд, други со кралицата на мотоспортот, за трети тој е врската со луксузниот и безгрижен живот. Тоа само покажува дека британската марка е присутна насекаде на автомобилската сцена, и уште многу пошироко од неа.

За првпат, сите можни категории на производи што го носат знакот на Aston Martin се достапни на една адреса – во новата онлајн продавница. Широкиот спектар на луксузни производи досегнува од маици со логото на Aston Martin Racing, до сопствен комплет „крила“ или куфери по специјална нарачка, изработени точно за багажникот на DB11.

Импресионира разновидноста на понудата, исто како и приземните цени на некои производи. Футрола за телефон чини 15 фунти, капа десетина фунти повеќе, пуловер 70 фунти. Намерата очигледно не е да се измамат купувачите на „звучно име“, туку едноставно фановите да се стекнат со парче што ќе ги поврзува со омилената марка.

Тоа што многумина уште од старт ќе го побараат во онлајн продавницата е модел на Aston Martin. На пример, Vulcan. Во размер 1:18, тој чини 250 фунти. За примерок од ексклузивна серија, којашто со сигурност не е достапна во супермаркет, и тоа не е преплатено.

Aston Martin Vantage: Наследник на спортската династија

На Aston Martin му личи да биде и велосипед

Во Токио отворен најголемиот салон на Aston Martin во светот

Aston Martin Valkyrie: Проектил со дозвола за ниско летање

Aston Martin со специјална верзија на победничкиот V8 Vantage GTE


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
21 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *