122
17 shares, 122 points

Автомобилите повторно го преземаат приматот како главни симболи на луксузот и изобилството. На ексклузивен настан во прочуениот лондонски хотел Савој, Aston Martin е прогласена за луксузна марка на годината

Aston Martin е прогласен за луксузна марка на годината на манифестацијата „Luxury Briefing Awards“, којашто се смета како своевидно доделување оскари во индустријата на луксузот. Настанот се одржува секоја година и ги наградува најиновативните и највпечатливите производи и услуги во светот.

Наградата за Aston Martin ја додели Сер Ерик Пикок, кој ја оцени бондовската марка како „моќна и со огромни аспирации, епитом на луксузот“. Присутните гости и конзументи на луксузна стока беа запознаени дека минатите 12 месеци направиле исклучителна година за Aston Martin, донесувајќи профит, зголемена продажба за 8% само во првите шест месеци од годината и постигнувајќи една од најголемите пресвртници во светот на луксузот.

Aston Martin Lagonda Vision Concept

Како претставник од Aston Martin Lagonda во прочуениот хотел Савој, во средиштето на Лондон, пристигна Сајмон Спраул, заменик директор во компанијата: „Голема чест е да бидете прогласени за луксузна марка на годината. Ние во Aston Martin Lagonda имаме фантастичен тим, кој живее и дише за оваа прекрасна марка, кој што работи на раст и развој на нашето присуство ширум светот. Господин Спраул го најави и лансирањето на марката Lagonda, којашто ќе се позиционира како луксузна марка над матичниот Aston.

Најскапите и најретки автомобили се вообичаена слика во лондонскиот Савој:

We welcomed a very special guest to the courtyard at The Savoy this morning! Made from over one million LEGO Technic…

Posted by The Savoy on Tuesday, October 30, 2018

Ferrari имал планови да го преземе Aston Martin во 2014 година

Само за милијардерски очи: Aston Martin DB5 за хоби-шпиуни

Како Енди Палмер го спаси Aston Martin со идеите од Nissan

Лондон резервира улици само за електрични возила


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
17 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743