за

Aston Martin ќе прави нова супермарка од Lagonda

Aston Martin Lagonda Vision Concept

Aston Martin сака да го произведе најлуксузниот и најпрестижен автомобил за генерацијата „смартфон“ и за таа цел го враќа во живот подзаборавеното име Lagonda. Тоа се многу амбициозни планови, но може да успејат. Во тоа уверува и лимузината од салонот во Женева.

Кога Aston Martin ја претставил својата нова лимузина пред мал круг новинари во октомври 1976 година, исто како да слетал вселенски брод. Автомобилот бил неколку децении пред своето време, со клинеста форма и остри линии на каросеријата, како и со дисплеи и комплетно футуристичко ракување со кокпитот. По повеќе од четири децении, сцената се повторува на салонот во Женева.

Lagonda_Vision_Concept_Zeneva

Lagonda Vision Concept испробува каде се границите на луксузот. Овој клинест автомобил во црна боја потсеќа на брусен оникс и поставува нови стандарди за тоа како треба да изгледа и да се чувствува луксузен крстосувач во блиската иднина. Британската благородна марка со овој автомобил не ја прикажува само својата визија за електрична и автономна лимузина, туку ги најавува и плановите за новата луксузна марка.

Иновативна технологија место рачна изработка и напреден погон место барок

Таа треба да биде модерна алтернатива на Rolls-Royce и Bentley, со висока технологија место рачна изработка и со батериски погон место барок. Името на новата марка: Lagonda, исто како футуристичкиот автомобил од пред четири децении.

Lagonda_Vision_Concept_Zeneva

Компанијата Lagonda е основана уште пред два века, а му припаѓа на Aston Martin од 1947 година. Од 1964 година, таа повеќе не постои како самостојна марка и се појавува само повремено, како кај автомобилот од 1976 година. Пред три години, Британците започнаа со рачно производство на луксузната лимузина Aston Martin Lagonda Taraf, но нејзината продукција беше толку мала што светот веќе почна да го подзаборава легендарното име. Во меѓувреме Rapide S ја презема улогата на лимузински крстосувач. Но, Aston Martin сака да понуди уште поексклузивно и полуксузно.

Lagonda_Vision_Concept_Zeneva

Шефот Енди Палмер го најави враќањето на Lagonda како „прва и досега единствена луксузна марка за генерацијата смартфон“. Според него, конзервативните луксузни крстосувачи од типот на Bentley Mulsanne или Rolls-Royce Phantom се продаваат само поради тоа што не постои модерна и прогресивна алтернатива. Цените на Lagonda ќе стартуваат таму кадешто завршува Tesla, од најмалку 200.000, а веројатно и 300.000 евра.

Ако BMW може да произведува Rolls-Royce, а Volkswagen да го поседува Bentley, тогаш е сосем на место и Aston Martin да направи нова супермарка од Lagonda

Првиот модел од новата марка ќе стартува во 2021 година, како SUV модел. Платформата ќе потекнува од идниот Aston Martin DBX, а обата модела ќе се произведуваат заедно во нова фабрика во Велс. Една година подоцна ќе следи и лумузина во стилот на студискиот автомобил од Женева. Моделите ќе се нудат исклучиво со електричен погон, но само поради тоа што погонот на струја е престиж. Друга причина е слободниот простор што се постигнува со компактната конструкција на електричниот погон. Поради тоа, лимузината ќе нуди повеќе простор од продолжената верзија на Rolls-Royce Phantom, иако ќе биде значително покуса.

Тоа е легендарната Aston Martin Lagonda, произведена во 634 примероци и со цена само малку под Rolls во своето време, но затоа со спектакуларна технологија и храбар дизајн

Aston Martin Lagonda

Околу техниката не би требало да има проблеми, покрај партнерството со Daimler и можноста да се користат нивните технологии и услуги. Но, нема да биде лесно да се најдат меѓу три и четири илјади купувачи годишно. Освен на мал круг ентузијасти, името Lagonda денес не вреди многу на автомобилската сцена.

Mercedes не успеа да го заживее Maybach како посебна луксузна марка, исто како што и Dino не стана подостапна подмарка на Ferrari

Пазарните аналитичари сметаат дека е правилен чекорот на шефот Енди Палмер, идните лимузини и теренци да се водат под различно име од матичниот Aston Martin. Но, главниот проблем е во тоа што новите марки тешко се позиционираат на пазарот. Како пример може да послужи Maybach, којашто не успеа како самостојна суперлуксузна марка под покривот на Daimler и денес е само моделско име за попрестижните и поексклузивни варијанти на S-Class. Истото важи и за Dino, којашто беше замислена како поедноставна и поевтина марка на Ferrari, но не наиде на поголем интерес меѓу купувачите.

Од друга страна, Bentley е пример за успешно градење на имиџот на луксузна марка. Кога концернот Volkswagen ја презеде марката Bentley, како посестринска фирма на Rolls-Royce, немаше од што да се почне. Во меѓувреме Bentley повторно ги има стариот сјај. Затоа не мора да биде претерано ако се очекува истото да успее и со Aston Martin и Lagonda.

[FAG id=31019]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

топ 10 од салонот во женева

Топ 10 погодоци и утки на салонот во Женева

електрични автомобили smart forfour ed

Продажбата на електрични автомобили надмина милион примероци