161
42 shares, 161 points

Дизајнерската куќа Zagato се подготвува за одбележување на стогодишницата, а тој момент нема да го пропушти Aston Martin, за когошто Италијанците близу шест години создаваат ексклузивни моделски серии. Итало-британската соработка го најавува DBS GT Zagato, како дел од DBZ Centenary Collection.

Колекцијата во чест на векот на Zagato се состои од два автомобила. Едниот се базира врз историски модел на Aston Martin, додека вториот е негова современа верзија, создадена за и таа да биде вреден колекционерски примерок во иднина. Во случајов, двата автомобила се DB4 GT Zagato и DBS GT Zagato.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како основа за DBS GT Zagato служи најмоќниот модел од редовната понуда на британската куќа, DBS Superleggera. Во стилот на овој модел се внесени формите што се инспирираат од стилот на DB4 GT Zagato, историскиот модел во оваа автомобилска двојка.

Aston Martin DBS GT Zagato е современа интерпретација на стилот на DB4 GT Zagato

Клучен детал е покривот со „два меура“, по пример на DB4. Во споредба со стандардниот модел, задното стакло станува вишок кај DBS GT Zagato, само со цел за двојното заоблување да продолжи до самиот крај на опашот. Истата форма се повторува и на хаубата, како историски белег на дизајнот на Zagato.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ветробранот исто така е развлечен кон страните на каросеријата, буквално како заокружување на елеганцијата на целата линија. Историските форми на DB4 GT Zagato се забележуваат и во дизајнот на бандажите, во светлата и во предната маска.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ексклузивната серија ќе се состои од 19 парови од DBS GT Zagato и DB4 GT Zagato, по цена од 6 милиони фунти, неоданочено. Тоа ќе биде една од најретките и најскапи преработки на Aston Martin од Zagato во поновата историја. Прво ќе стартува испораката на „историскиот“ DB4, планирано за последното тромесечје од годинава, а во истата временска рамка во 2020 година ќе следи и самиот DBS GT Zagato.

Aston Martin во минус 57 милиони фунти

Aston Martin 003 како „патничка“ варијанта на Valkyrie

Теренецот на Aston Martin стартува со продажба следната есен

Aston Martin е луксузна марка на годината

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
42 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *