135
18 shares, 135 points

Автомобилската марка на Џејмс Бонд имаше тешка година лани. Гигантот Geely се подготвува да преземе удел во Aston Martin. Кинезите веќе ги имаат Volvo и Lotus во своето портфолио, а држат и десетина проценти во Daimler.

Британскиот автомобилски производител Aston Martin Lagonda минува низ тешки времиња. Според „Financial Times“, неопходната финансиска инјекција би можело да пристигне од Кина. Групацијата Geely, којашто меѓу другото има десетина проценти удел во Daimler, а под својот покрив ги има марките Volvo, Lotus, London EV Company, се наоѓа во подготовки да преземе удел во британската марка. Aston Martin е присутен на берзата уште од 2018 година.

Geely моментно ги проверува финансиските записи. Daimler, кадешто Кинезите држат удел од десет проценти, веќе извесно време испорачува мотори за британската марка со долга традиција. Германскиот гигант учествува со пет проценти во Aston Martin и има право да блокира инвестиција од друг производител на автомобили.

Според „фајненшел“, за британската марка се интересира и милијардерот Лоренс Строл, сопственик на Ф1-тимот Racing Point, кој планира да инвестира 200 милиони фунти, со што би му припаднале 19,9 проценти од акциите во компанијата.

По објавувањето на веста, вредноста на акциите на Aston Martin порасна и за 20 проценти. По завршетокот на тргувањето, акциите пораснаа за 13 проценти. Нивната вредност опаѓа со месеци наназад, поради многубројните проблеми, меѓу кои намалената продажба, високите трошоци и влијанието од Брегзит. И покрај последното зголемување на 470 пени, акциите се 75 проценти под вредноста на првото издавање.

Aston Martin има големи надежи во DBX, спортскиот и престижен СУВ, за когошто досега се пристигнати повеќе од 1.800 нарачки

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *