146
21 shares, 146 points

(Преземено од Аутомотив Њуз; Автор: Ник Гибс)

Најзадоволни клиенти на Aston Martin во овие денови се Филип и Маркус. Малку подоцна, на сличен начин ќе биде услужен и Ричард, исто како и Шарлот во 2019 година.

Зошто? Затоа што сите тие добија автомобили кои се дизајнирани според нивниот животен стил и потреби. Но, нивното задоволство е илузорно, затоа што овие личности не постојат. Тие се „архетипски“ клиенти, измислени за дизајнерите на Aston да добијат јасна идеја за кого дизајнираат.

Гран-туризмото DB 11, на пример, создадено е за лондонецот Филип, банкар кој има толку самоуверена појава, што би носел и старински полуцилиндар само заради задоволство.

Aston Martin DB 11 е првиот нов модел под режија на Енди Палмер

Филип, Шарлот и дружината се само некои од многубројните идеи што извршниот директор на Aston Martin, Енди Палмер, ги донесе од Nissan, кога ѝ се придружи на компанијата кон крајот на 2014 година. DB11 беше првиот модел под неговото директорување.

aston martin db 11

Тој пристигна во моментот кога Aston Martin повторно засветкуваше по многубројните ресетирања, а инвеститорите бараа директор со искуство и визија, кој ќе гарантира дека овојпат светлата ќе останат запалени. Палмер, како инженер што прераснал во маркетиншко гуру, со суров инстинкт што придонесе тој да стане десна рака на Карлос Гон, со неговите 23 години во Nissan, беше вистинскиот човек за тоа.

По три и пол години, Палмер штотуку го лансираше својот втор нов модел. Од цевките наполнети со свеж метал излезе основниот спортски модел Vantage. Во почетокот на годинава, тој ја прогласи ланската година за рекордна, со 5.117 автомобили, а воедно ја објави и првата профитабилна година под негово раководство.

Палмер процени добро уште во 2015 година: „Aston Martin беше фантастична марка, но не беше и фантастичен бизнис. Се мислеше само на тоа како да се обезбедат финансии за следниот модел. Тој немаше да заработи доволно за да го финансира моделот по него и ќе доведеше до ликвидација.“

Палмер забележа дека марката банкроирала седум пати во своите први 100 години и создаде план како да го спречи тоа во вториот век за марката.

Финансискиот директор Марк Вилсон: „Во долгови до уши“

Првиот чекор беше да се обезбедат финансии за секоја година да се лансира најмалку по еден нов модел, дури и ако тоа значи „заглавување до уши“ – како што тогаш изјави финансискиот директор Марк Вилсон. Но, тој систем немаше да се одржи. Вилсон советуваше: „Не се финансираат компании со долгови, туку компании со позитива.“

Како марка, Aston Martin има изградено имиџ на богатство и изобилство, но не изгледаше така во седиштето на марката во Гајдон, во централна Англија. Палмер тогаш соопшти дека планира Aston да стане „светска класа во поглед на трошоците.“ Вилсон доби налог да направи „чистка“ во продажбата и администрацијата, којашто резултираше од вкупн 2.100 работни места да се скусат 295 места што не се поврзани со производството. Тоа драстично ги скуси трошоците.

aston martin aoyama

Во 2015 година, Палмер беше забележан како се враќа од салонот во Женева со економска класа. Добавувачите исто така беа ставени под контрола. Aston им скуси на добавувачите по 10 проценти од годишната сметка за делови, што масовно се применува во браншата. Во меѓувреме почна ангажирањето на добавувачи од земји со поевтина работна сила, како Индија или Кина.

Нова фабрика се исплатува повеќе отколку воведување трета смена

Во фабриката во Гајдон се инвестираше малку. Во Aston се автоматизира само тоа што е неопходно. Палмер сепак се реши за изградба на нов центар за логистика, па дури и за нова фабрика во Велс, кадешто теренецот DBX ќе започне со производство во 2019 година. Постоеше можност да се прошири капацитетот во Гајдон, но Палмер не е љубител на работењето во три смени.

Aston Martin Lagonda Vision Concept

Следното подрачје во коешто беше препознаен потенцијал за напредок беше маркетингот, вклучувајќи и проширување на кругот на купувачи. Директорот посочи на тоа дека од вкупно 70.000 произведени автомобили за сто години, половината останале во Велика Британија, а само 3.500 клиенти се дами.

Веројатно најголемото достигнување на Aston и на самиот Палмер беше потпишувањето соработка со Daimler. Германците го испорачуваат четирилитарскиот V8, но уште поважно е што оттаму пристигнува и електричната архитектура. Тоа е единствен начин, за малите компании како Aston да останат во чекор со инфо-забавните системи и со напредните системи за асистенција.

Др. Палмер нема потреба да го ангажира „големиот брат“

Во 2016 година, Aston Martin остварувал 3,8 пати повисока загуба отколку што профитирал, додека лани овој сооднос се смалил на околу 2:1. Пазарните експерти сепак се сомневаат дека Британците ќе успејат да ја издвојат Lagonda како нова луксузна марка, без вмешување на некој од големите автомобилски концерни. Палмер на тоа одговара дека нема потреба од „големиот брат“.

Кога ќе пораснам сакам да бидам Aston Martin

Aston Martin може да биде и гарнитура за седење

Вака изгледа собир на 311 автомобили Aston Martin на едно место

Aston Martin ќе прави нова супермарка од Lagonda

Aston Martin Vantage: Наследник на спортската династија

Во Токио отворен најголемиот салон на Aston Martin во светот


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
21 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743