за

Теренецот ќе му ги донесе неопходните пари на Aston Martin

Теренецот ќе му ги донесе неопходните пари на Aston Martin
Теренецот ќе му ги донесе неопходните пари на Aston Martin

Aston Martin започна со производство на СУВ-моделот DBX во фабриката во Велс. Во новиот модел се ставаат големи надежи, во време кога луксузната марка се наоѓа во криза.

Во сосем новата фабрика во близина на гратчето Сент Етан во Велс, стартуваше производството на големата надеж на Aston Martin, на новиот модел со ознака DBX. Семејниот СУВ стартува од околу 200.000 евра.

Од DBX се очекува да учествува со 50 проценти во вкупната продажба на автомобили, односно тој да стане најважниот модел на марката што е прочуена по своите спортски купеа и кабриолети. Продажбата на луксузниот СУВ треба да донесе свежи пари во испразнетата каса.

Во првиот квартал од годинава, Aston Martin имаше загуба од 119 милиони фунти (133 милиони евра). Испораката ќе стартува веќе во јули. Четири од секои пет произведени примероци ќе заминат за извозните пазари. Марката на Џејмс Бонд се надева на добра продажба првенствено во САД и во Кина.

Британската марка со богата традиција во почетокот на годината доби свеж капитал во вредност од близу 600 милиони евра, од конзорциумот на канадскиот бизнисмен и сопственик на Ф1-тим Лоренс Строл. Оваа трансакција му донесе на Строл и претседателско место во управниот одбор на Aston Martin. Во август, на местото на Енди Палмер пристига поранешниот шеф на Mercedes-AMG, Тобијас Мерс. Тој за медиумите изјави дека DBX ќе биде „носечки столб“ за марката во следните години.

Aston Martin досега има добиено околу 2.000 нарачки за DBX. Годишната продукција во фабриката во Ст. Етан изнесува 4.000 автомобили.

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
rivian електричен пикап r1t

Rivian ќе претстави електричен пикап пред Tesla?

volkswagen id3 vozenje

Електричниот ID.3 добива специјални гуми од Bridgestone