145
20 shares, 145 points

Aston Martin штотуку почнува да зема залет со претставувањето на DBS Superleggera. Новиот знаменосец со мотор од 725 КС постигнува темпо 340 и користи трикови со аеродинамиката за да остане на земја

Aston Martin Vanquish заминува, на неговото место на знаменосец доаѓа DBS Superleggera. На фановите на фината британска марка им се наежува кожата од името на овој автомобил. Кратенката DBS веќе ја имаат користено неколку легендарни модели на Aston од 1967 година наваму, но тоа што става дополнителна тежина е Superleggera, како асоцијација на соработката со каросериската работилница Touring и на славните DB4, DB5 и DB6 Mark 1 коишто произлегоа од неа. Италијанската кованица значи „супер лесно“ и очигледно укажува дека се работело на намалување на тежината на овој благороден тркач на долги патеки.

Меѓузабрзувањето од 100 до 160 km/h во 4-от степен на пренос трае само 4,2 секунди

За тежината да се спушти под 1,7 тон, инженерите ја „обвиткаа“ алуминиумската шасија со карбонски панели. Тоа одзеде 72 килограми во споредба со DB11. Способноста Aston Martin DBS Superleggera да забрза до темпо 100 за 3,4 секунди и да продолжи до 340 km/h произлегува од 5,2-литарскиот битурбо V12. Моќноста изнесува 725 КС при 6.500 вртежи, додека 900-те њутнметри се испорачуваат константно од 1.800 до 5.000 вртежи. Токму во импозантната вредност на вртежниот момент лежи еден од талентите на DBS, кој на тој начин може да забрза без напрегање, но убедливо, без разлика со кое темпо се вози во моментот – при 250 километри на час, на пример.

Aston Martin DBS Superleggera 2

Дванаесетцилиндарецот сепак носи дополнителни килограми. Техничарите го „сокрија“ вишокот тежина преку поставувањето на моторот колку е можно повеќе наназад. На тој начин се постигна тежиштето на гигантскиот мотор да лежи зад предната оска, а соодносот на тежината да изнесува 51:49 проценти.

Преносот на сила е преку новиот осумстепен автоматик од ZF, којшто работи исклучително брзо и преку карданско вратило од карбон ги пренесува њутнметрите до задната оска. Таму има диференцијал со механичка блокада, во комбинација со поимот што веќе се има одомаќено како торк-векторинг.

Режимите на погонската спрега се избираат посебно од режимите на подвозјето

За работата на погонската спрега стојат на располагање три режими – GT, Sport и Sport Plus – и тие може да се избираат независно од програмите за работа на подвозјето во коешто работат приспособливи амортизери.

Aston Martin DBS Superleggera 10

Карбон-керамички сопирачки дискови гарантираат издржливост дури и при возење по тркачка патека. Со две триаголни водилки на предната оска и комплицирана задна оска со повеќе водилки, тркачките курсеви не му се туѓи на овој DBS.

Во споредба со DB11, од когошто потекнува основата, стабилизаторите се покрути, а има и дополнителни пружини. Тоа резултира во подиректно пренесување на командите од воланот и во зголемена управливост. Адаптивните амотизери реагираат исклучително брзо на примените во условите на возење, благодарение на новите сензори.

Во аеродинамиката се користат истите Ф1-финти од DB11

Посебна гордост на техничарите на Aston Martin е аеродинамиката. Во DBS Superleggera се користи истиот принцип од DB11, со аеродинамички елементи за спроведување на воздухот коишто се сокриени под каросеријата, но затоа функционираат уште подобро. Како ориентир, при крајната брзина врз каросеријата се создава притисок од 180 килограми. Тоа е повеќе од било кој друг модел на марката.

Aston Martin DBS Superleggera 9

Секако дека сиот овој труд не смее да остане ненаграден. „Диџеите“ за издувни системи во Aston Martin го преработија издувот на DB11 и гарантираат полн звук, којшто јасно се издвојува од помалиот брат.

Комплетен арсенал од системи за асистенција се подразбира. Тоа повторно додава неколку килограми, но затоа го поштедува возачот од грижи. „Стандард“ се и врвните материјали и изработката на кабината, со можност да се излезе во пресрет и на посебните барања на клиентот. Но, во тој случај, идниот сопственик на Aston Martin DBS Superleggera ќе мора да смета на цена повисока од 275.000 евра за стандардната верзија. Полесно е во проценти. Десет проценти се 27.500 евра. Што се однесува до името Vanquish, тоа ќе се чува за идниот суперспортски модел, чијашто премиера се очекува во 2021. DBS е „само“ гран-туризмо.

Aston Martin DBS Superleggera

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
20 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743