за

Турбо провев и симфонија во 715 КС за возачи на Aston Martin

Aston Martin DBS Superleggera Volante

Aston Martin DBS Superleggera Volante ги растоварува богатите од грижа што ќе возат во претстојната летна сезона. Со куќниот 5,2-литарски V12 со твинтурбо натполнење, со 715 КС и вртежен момент од 900 њутнметри, англискиот родстер забрзува за 3,6 секунди до темпо сто. До темпо сто, но во милји, минуваат 6,7 секунди, а тоа не е ниту половината од крајната брзина што ја постигнува DBS Superleggera Volante – таа изнесува 340 km/h. Преносот на сила е задача на новиот осумстепен автоматик од ZF.

Бидејќи сите не го доживуваат звукот на реткиот дванаесетцилиндарец како најмилозвучна симфонија, постои посебна програма „Quiet Start“, за средината да не биде секогаш свесна дека има Aston во близина. Затоа, пак, звукот на моторот го добива природниот тон по префрлувањето во режимот GT. Двете програми за возење, Sport и Sport Plus, повеќе се препорачливи за подалеку од цивилизацијата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Страничните канали за воздух во предниот браник се поставени колку било можно пониско и оптимирани се да вшмукуваат повеќе воздух, придонесувајќи на тој начин за намалување на „лифтот“, односно подобрување на стабилноста при висока брзина. Воздухот потоа излегува низ таканаречените „Curlicue“ во предните крила, кои се впечатливо дизајнирани. На крајот следи и двоен дифузор назад, кој се грижи за минимизирање на вртложењето на воздухот зад опашот.

Посебно внимание е посветено на звукот од моторот, тоа е впрочем и поентата кај родстери од типот на Volante

Бидејќи станува збор за отворена каросериска изведба, традиционално со ознаката Volante, техничарите посебно работеле на звучното доживување. Кога временските услови ќе принудат на пауза, осумслојната изолација во платнениот покрив се грижи да биде колку може потивко во кабината. Покривот се отвора за 14 секунди, во спротивната насока се потребни две секунди повеќе. Кога е склопена, целата кровна конструкција е дебела само 26 сантиметри.

New item by Automedia MK / Google Photos

За покривот може да се избира меѓу осум бои, а дополнително има избор од шест бои за таванот. Првпат во Volante се нуди опција облогата на рамката на прозорците да биде изработена од карбон. Техно-материјалот може да се нарача и за средишната конзола, како и за капакот за склопениот покрив.

Цената за Aston Martin DBS Superleggera Volante изнесува 295.500 евра. Испораките ќе стартуваат во третиот квартал.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Aston Martin DBS 59 за победата на Леман пред 60 години

Електричен Aston Martin се пријавува за конкурент на Porsche Taycan

Рекорден собир на 410 примероци Aston Martin во Бјули

Aston Martin Zagato за шест милиони со гратис историски автомобил

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Type R Lego Avstralija

Civic Type R составен од 1.300 килограми лего коцки

Renault Trafic Master strategija

Renault поаѓа во освојување на светот со доставни возила