за

Aston Martin DBS 59 за победата на Леман пред 60 години

Aston Martin DBS 59

Aston Martin подготви специјална серија од DBS Superleggera во чест на победата на марката на 24 часа Леман пред шест децении. Серијата соодветно е означена со DBS 59 и ќе се изработи во само 24 примероци. За ваквите серии е задолжено одделението „Q by Aston Martin“, специјализирано за посебни нарачки и мали серии.

Aston Martin DBR1 во 1959 година постигна двојна победа на 24 часа Леман, со прво место за Рој Салвадори и Карол Шелби, и второ место за Морис Тринтињан и Пол Фрере. Во таа чест, секој примерок од серијата означува по еден час од трката.

Серијата се состои од 24 примероци, по еден за секој час што легендарните DBR1 го извозеа до победата на Леман во 1959 година

Каросеријата е лакирана во традиционалната зелена боја на Aston Martin и на DBR1, со проѕирен финиш на карбонскиот покрив. Бронзените детали, како значката Superleggera на хаубата, посебната маска, сопирачките клешти и двобојните бандажи од 21 инчи, го следат примерот на бронзените прекинувачи и инструменти кај победничките болиди на Леман во 1959 година.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Примерот од историските тркачи на Aston Martin го следи и внатрешноста. Тоа се забележува во формата и материјалот на седиштата, кои верно го следат стилот на DBR1. Бронзените детали продолжуваат и во кокпитот, вклучувајќи и лого „59 Edition“.

DBS Superleggera имаше деби лани, со 5,2-литарски V12, настапувајќи како најбрз сериски автомобил во историјата на марката.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Пред две години Aston Martin DBR1 беше понуден на наддавање во Монтереj и дсотигна 22,5 милион долари, како најскап британски автомобил во историјата

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

гласни автомобили издув

Женева ќе ги лови прегласните автомобили со „радари“

toyota uber роботски автомобили

Toyota вложува 1 млрд. долари во роботските возила на Uber