164
21 shares, 164 points

На наддавањето на аукциската куќа Coys, примерок од Aston Martin DB5 од 1964 година се продаде за близу милион евра. Британскиот престижен автомобил стана и прв олдтајмер што е продаден директно преку социјалните медиуми. Оваа трансакција е воедно и најголемата што досега е направена преку Apple Pay.

Aston Martin DB5 од 1964 година стана прв олдтајмер продаден преку социјалните медиуми, кога го смени сопственикот по цена од 825.000 фунти или над 920.000 евра на наддавањето организирано од аукциската куќа Coys. Досега не е направена поголема траксакција преку Apple Pay.

Самиот автомобил е комплетно реставриран, вклучувајќи ремонт на мотор, на подвозјето и на менувачот, по што DB5 бил оставен да мирува „на суво“ подолго од 20 години. Coys за време на салонот во Париз во почетокот на октомври најави дека ќе понуди можност за наддавање за олдтајмер преку Vero, изложувајќи го Aston Martin DB5 пред милионската публика на салонот.

Уште три класичари се достапни за купување на профилот на Coys на Vero

Купувачот кој сака да остане анонимен го купи DB5 преку Apple Pay директно од профилот на Coys на Vero, откако го разгледал автомобилот во Париз. На нивниот профил се достапни за директно купување уште неколку вредни олдтајмери, од Ferrari Dino 246, претходно во сопственост на Питер Грант, менаџер на легендарните Лед Цепелин, по цена од 400.000 фунти, до Ferrari Daytona за 800.000 фунти и Bentley Continental S2 за 295.000 фунти.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *