143
19 shares, 143 points

По неколку години мирување, Aston Martin најавува моделска офанзива и враќање во врвната лига на луксузните марки. Новиот DB11 е само почетокот.

Од британската марка Aston Martin не видовме некои особени новитети во минатите години. Во меѓувреме моделите DB9, Vanquish и Vantage почнаа да ги покажуваат своите години, а ниту Rapide не донесе поголемо освежување. Годинешниот швајцарски салон на автомобили е местото на коешто Aston Martin повторно почнува да покажува знаци на живот. Со новиот DB11, според марката почнува „планот за второто столетие“ на производителот на автомобили со долга традиција. За шефот Енди Палмер, ова е најважниот автомобил што Aston Martin го има развиено во 103-годишната историја, кој ќе ја врати марката меѓу лидерските позиции во луксузниот сегмент.

aston martin db11 4367 (14)Новиот DB11 не воведува некаква голема револуција во техниката или во иднината, туку само продолжува да го развива тоа што фановите на марката го очекуваат уште откако DB9 беше претставен пред речиси една и пол деценија. Дизајнот е елегантен, спортски, заводлив и моќен, токму како што треба да изгледа модел на Aston Martin. Како DB11 успева да се задржи на земја во отсуство на големи и нагрдувачки спојлери? Тајната е под алуминиумската каросерија. Тука се изведени канали што го спроведуваат воздухот и на тој начин го обезбедуваат потребниот потисок. Сé во служба на стилот на тајниот агент.

Голем напредок бележи и ентериерот, кадешто доминира дигитален кокпит со пречник од 12 инчи, голем средишен дисплеј со пристап до сите функции на возилото и модерен централен контролер кој се ракува со притискање и ротирање. Има и неколку системи за асистенција што се добредојдени за секојдневието, како самостојно паркирање или приказ на возилото од птичја перспектива при паркирање. Целата оваа „интелигенција“, вклучувајќи ги и инструментите и неколку прекинувачи, како и софтверот за поврзување со преносни уреди, потекнува од новиот партнер Daimler.

aston martin db11 4367 (3)Но, Aston Martin нема да биде тоа што е без поддршка под хаубата. Тука работи V12 со двојно турбонатполнење, кој од работната зафатнина од 5,2 литри извлекува 608 КС и ослободува 700 њутнметри веќе при 1.500 вртежи. Во парадните дисциплини, DB11 исто така се држи суверено со 3,9 секунди за спринт до 100 km/h и со крајна брзина од 320 km/h.

Во чекор со времето, на возачот му стојат на располагање неколку програми за возење, со коишто соодветно се модулира работата на контролната електроника на моторот, на амортизацијата, на управувањето и на чувствителноста на автоматскиот менувач со осум степени. За задоволството треба да се плати над 200.000 евра, испораката стартува во последниот квартал од годинава.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743