за

Aston Martin AM-RB 001 ќе развива над 400 километри на час

Светот постепено ги дознава деталите за идниот Aston Martin AM-RB 001. Хиперавтомобилот што Британците го развиваат заедно со Red Bull Racing ќе постигнува брзина над 400 километри на час. Тоа веќе навлегува во територијата на Bugatti. Во меѓувреме, планираната серија од 150 „патнички“ примероци е распродадена.

Податоците за идниот хиперавтомобил на Aston Martin и Red Bull Racing што ќе се појави во почетокот на 2019 година се мошне скромни. Иако сé што треба да се знае е веќе кажано. Болидот со иницијалите на двата партнера и реден број 001 ќе постигнува сооднос 1:1 меѓу моќноста и тежината. Тоа значи дека „шпекулираните“ 1300 КС на AM-RB 001 ќе се соочуваат со само 1.300 килограми, што е за околу 40% послабо во споредба со актуелните болиди во формула 1 или исто колку Koenigsegg One:1.

Во хиперавтомобилот нема да се вградува ниту еден дел од челик

Од овој сооднос веќе можеа да се претпостават перформансите на AM-RB 001, но шефот Марек Рајхман сега и официјално потврди во интервју за австралискиот Motoring дека хиперавтомобилот ќе постигнува над 400 километри на час. Моќта за тоа ќе ја испорачува атмосферски V12, вграден средишно и со концепт на високи вртежи, но и со помош од електромотор. Според шефот на Aston Martin, во возилото нема да се вградува ниту едно парче изработено од вообичаениот челик. Место тоа ќе преовладуваат карбон и кевлар.

Нов детал што го открива Рајман е дека екстремниот AM-RB 001 „ќе можат да го возат и дами во мини“. Секако дека тоа е малку повеќе претерано, но во секој случај упатува на логичен заклучок дека во развојот се мисли и на погодноста на цивилниот болид за секодневието.

Тоа секако нема да влијае врз одлуката на купувачите, затоа што сите планирани 150 примероци од хиперавтомобилот се веќе распродадени, уште пред првите прототипи да се појават на асфалт и повеќе од две години пред возилата да се испорачаат до нивните сопственици. Паралелно ќе се изработат и 25 примероци за тркачка патека, коишто сосема извесно ќе возат во сопствен куп, по пример на McLaren P1 GTR.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Seat Leon Cupra не носи ништо ново, а има сé

Mercedes ќе ја заврши годинава со двомилионска продажба