за

General Motors започнува со продажба на електрични велосипеди

ariv elektricen velosiped 1

Марката електрични велосипеди на General Motors ќе го носи името Ariv. Американскиот гигант во производството на автомобили започна со нарачки, испораките би следувале веќе напролет

Публиката избра името на марката електрични велосипеди на General Motors да гласи Ariv. Тоа потсеќа на „arive“, на пристигање, на држење чекор со предизвиците на времето. Понудата почнува со два модела на велосипеди со поддршка од електромотор: Meld е стандардна изведба, Merge е преклоплива варијанта.

Во почетокот само Холандија, Германија и Белгија ќе имаат привилегија, Ariv да биде достапен на локалниот пазар. Тоа се должи на големата популарност на електричните велосипеди во овие земји. Нарачките се вршат преку онлајн-платформата www.BikeExchange.com.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Цената на Ariv Meld изнесува 2.800 евра, додека преклопливиот Merge е поскап и се продава по цена од 3.400 евра. Испораките ќе следуваат во вториот квартал од годинава.

Во развојот на електромоторот, батеријата и контролниот софтвер се користени искуствата на General Motors во погонот на струја

При конструирањето на електричните велосипеди Ariv е користено искуството на General Motors во погонот на струја. Електромоторот со моќност од 250 вати е конструиран посебно за Ariv и овозможува постигнување брзина до 25 km/h, со избор меѓу четири степени за помошта од електромоторот при вртењето на педалите.

Батеријата, којашто исто така е од сопствен развој, во најдобар случај го снабдува електромоторот со енергија до 64 километри, а полнењето трае 3,5 часа. Тежината на Ariv Meld изнесува 19,5 килограми. Врската меѓу велосипедот и мобилната апликација Ariv eBike се воспоставува преку блутут, со цел да се следат сите податоци околу возењето. Преку посебен УСБ-приклучок може да се полни и мобилниот телефон за време на возењето.

Товарни велосипеди ја преземаат доставата на пратки

Подготовка на велосипедот за новата сезона во десет чекори

Електричниот автомобил што Америка го имаше, но не го сакаше

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

грејна подлошка седиште автомобил

Вреди ли купување грејна подлошка за седишта?

Suzuki Jimny Wald Black Bison

Suzuki Jimny во славната серија Black Bison на јапонскиот тјунер