138
19 shares, 138 points

Новиот Tuono е подобрен во речиси сите подрачја и игра во друга лига со подобрениот комфор и поубедливото повлекување при ниски вртежи. Тоа би требало конечно да му ја донесе заслужената продажба на овој power-naked-bike.

Предноста на најмоќниот меѓу „голите-мотоцикли“ се смалува. Со фабрички декларирани 175 КС, новата Aprilia Tuono V4 1100 RR заостанува само 5 КС зад KTM 1290 Super Duke R. На некои независни мерења на пробна рампа, пак, Tuono покажа идентична моќност со Super Duke R. Според тоа, Tuono може полуофицијално да се води како најсилен naked-bike досега, заедно со KTM.

Претходникот не се проби најдобро на пазарот, иако имаше одлични предуслови за тоа, со дизајнот со препознатлив италијански печат и со емотивниот мотор V4. Причините за тоа може да се бараат во недовербата во издржливоста од страна на купувачите, исто како и во ослабнатиот имиџ на марката. Но, сето тоа сега е минато. Новиот мотор има за три милиметри поголем пречник на цилиндрите, со што работната зафатнина се зголеми од 1.000 на 1.077 милиметри. Уште поважно е тоа што секоја од четирите клипници е олеснета за добри 100 грами.

Со променетата геометрија е зголемена тежината врз предното тркало

Обемни модификации се извршени во подвозјето. Предните пружини се покуси и имаат работен òд намален за еден сантиметар, за исто толку е спуштен и опашот, задните волушки се продолжени за 4 милиметри, ширината на воланот е намалена за 16 милиметри, а вградени се и поагресивни сопирачки облоги. Како круна на освежувањето, дизајнот на маската е сменет и тежината е намалена за 1,5 килограм.

Aprilia Tuono V4 1100 RRМоже да се очекува и повеќе комфор на новиот Tuono. Седиштето е помеко и со подебела постава, а лизга и помалку во споредба со претходното, растоварувајќи ги мускулите од напрегање при забрзување и запирање. Најзначајниот напредок сепак е во погонскиот агрегат. Наспроти претходникот, на кого му недостига моќност при најниски вртежи и треба да се заврти дури над 7.000 вртежи за да повлече поубедливо, новиот агрегат од 1.100 cm3 реагира уште од старт и ослободува за најмалку десет проценти повеќе моќност и вртежен момент. Италијанците го оптимираа и мапирањето, за Tuono V4 1100 RR да повлекува мазно при додавање гас во темето на свијоците.

Има и неколку трикови што се заслужни за посилниот настап. При последната преработка пред две години, техничарите на Aprilia ги скусија првите три степени, а сега е дополнително скусен и запченикот, со 15 место 16 запци. Тоа што крајната брзина, пред да реагира електрониката, сега изнесува 255 место 272 километри на час нема да му пречи никому. Од покусиот пренос ќе профитира првенствено задоволството при возење по кривулести патишта.

Три степени за моторот и осум степени за контролата на тракцијата

Со сериската асистенција за менување степени без повлекување на спојката и со покусите премини меѓу одделните степени, Aprilia Tuono V4 1100 RR јасно се дистанцира од претходникот. Малку разочарува тоа што и покрај силната електроника, Tuono не користи „блипер“ односно префрлување во понизок степен без спојка и со меѓугас контролиран од вештачката интелигенција. Затоа, пак, возачот и натаму може да ги користи добро изведените системи за асистенција. Острината на реакцијата на моторот и моментот на повлекување може да се менуваат со трите модуси – Sport, Track и Race – додека преку менито може независно да се избира работата на контролата на тракцијата (во 8 степени) и контролата на wheelie (во 3 степени). Возачите што имаат искусено како електрониката меко го спушта предното тркало на земја при преоптимистичко завртување на гаста сигурно ќе умеат да ја ценат оваа релативно млада, но корисна техника.

Aprilia Tuono V4 1100 RRИнженерите на Aprilia се ориентирале кон поголем комфор и во дотерувањето на подвозјето. Силата на придушување е намалена, нивото на масло напред е зголемено и пружините на задната вилушка се повеќе напрегнати. Покрај тоа се соодветно преработени и амортизерите од Sachs. Оваа необична комбинација произведува подобро придушување на попречните нерамнини и шахтите, додека предната вилушка поради помалата воздушна комора реагира подиректно и значително го намалува потскокнувањето при минување преку серија набори на патот.

Преку скусената предна вилушка и со тоа за 0,4 степени зголемениот агол, во комбинација со незначително понискиот управувач се пренесува повеќе тежина врз предното тркало, што резултира со попрецизно и подиректно чувство во возење. Сопствениците на претходникот ќе ги ценат и новите сопирачки облоги на Tuono, кои загризуваат посилно во почетната фаза и се дозираат полесно. Со новиот модулатор на притисок од Bosch (притисок од 9 MP) се овозможува и подобро регулирање на ABS при сопирање со полна сила. Работата на овој систем може да се регулира во три степени: Најагресивен со забавување од импресивни 10 m/s2 и два поумерени степена.

Целиот овој пакет на преработки следува и со повисока цена. Aprilia Tuono V4 1100 RR чини околу 1.000 евра повеќе од претходникот, кој и самиот не беше меѓу поевтините мотоцикли на пазарот. Со доплата од околу 1.500 евра е достапна и верзијата Factory, со предна и задна вилушка од Öhlins, со задна гума од 200 милиметри, облога на опашот од RSV4 и во впечатливите бои на Aprilia.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743