за

Apple Watch: Нови детали за компјутерскиот часовник на Apple

Во објавената документација и во WatchKit-SDK се наоѓаат неколку нови детали околу ракувањето со компјутерскиот часовник на Apple. Реакциите засега се позитивни.

Малку се знае околу техничките детали за Apple Watch. Но, со објавувањето на WatchKit-SDK се дознаваат неколку детали, за што известуваат развивачите. Според нив, компјутерскиот часовник располага со различни брзи прегледи, таканаречени Looks, коишто се повикуваат при подигнувањето на часовникот. Апликацијата за една авиокомпанија, на пример, преку „Short Look“ покажува дека е започнат бордингот. Ако се гледа подолго во часовникот, се појавува приказ со повеќе детали, како бројот на излезот и на летот или времето на полетување.

Од гестовите, меѓу другото, подржани се поминување со прстите по страните, повикување куси информации (Glances) со повлекување од рабовите, селектирање со „тап“, како и гестови „Force Touch“ при коишто дисплејот се држи притиснат подолго време, за да се повика на пример контекст-менито. Multitouch, во вид на гестови за зумирање, очигледно не е подржано. Зумирањето се врши преку дигиталната круна којашто е поставена отстрана. Со WatchKit може да се меморираат фотографии во уредот, но само со големина до 20 MB по апликација. Можни се анимации, додека видеата момемтно не се подржани.

WatchKit не подржува нативни апликации, односно содржините во најголем дел доаѓаат од iPhone што е поврзан со Apple Watch. Според развивачите, првите апликации за компјутерскиот часовник морале да бидат едноставно, затоа што WatchKit ја користи истата основа како iOS. Целосно нативни апликации ќе има дури в година, а кога точно, Apple уште не открива.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ниту пад од еден метар не го крши Gorilla Glass 4

Пуштете ги да испогинат – Ние се префрлуваме на тротинет!