за

Apple троши четвртина од светската продукција на сафир

Производителот на iPhone троши огромни количини од материјалот што не се гребе. Плановите сафирот да се користи и за дисплејот на iPhone 6 пропаднале, поради пропуст на менаџментот.

Само за сафирната облога на леќата за камерата и на скенерот за отпечатоци на iPhone и iPad, Apple троши околу една четвртина од светската продукција на материјалот што не се гребе. За дисплејот на iPhone 6 и iPhone 6 Plus да се заштити со сафир, Apple се обратил на GT Advanced (GTAT), производител на печки за топење.

Според пишувањето на Wall Street Journal, претпријатијата се спогодиле GTAT да произведува голема количина сафир во фабрика најмена од Apple. Потешкотиите се јавиле уште во почетокот. Сафирниот цилиндар што GTAT го произвел непосредно по потпишувањето на договорот бил неупотреблив. Производителот извршил неколку подобрувања во процесот, но и натаму повеќе од половината од сафирниот цилиндар била неупотреблива. Трошокот за производство на само еден сафирен блок изнесува 20.000 долари, а самата изработка трае еден месец.

Околу 700-те привремено вработени лица во фабриката во Аризона во почетокот воопшто не знаеле кој е нивниот налогодавач. Поради недостигот од печки за топење, вработените честопати немале што да работат. Струјните падови и бавната изградба на фабриката дополнително го забавиле долготрајното производство на сафир. На крајот, GTAT морал да пријави стечај.

Apple сега планира да ја пренамени фабриката во Меса, во којашто досега има инвестирано околу половина милијарда долари. GTAT инвестирал уште 900 милиони долари, од коишто половината припаѓаат на Apple, со договор истите да му се вратат на производителот на iPhone во период од четири години. Електронскиот гигант му го изнајмил погонот на GT Advanced за 100 долари годишно.

Потребата на Apple за сафирно стакло ќе продолжи да се зголемува рапидно во следниот период. Поскапите изведби на Apple Watch го користат овој материјал како облога за дисплејот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Motorola: Локатор за затурени клучеви и мобилни

Москва: Изгореа дванаесет автомобили во вредност од 2,6 милиони евра