за

Apple потврди дека развива технологија за автономно возење

samsung, роботски автомобили

Во допис до американската агенција за безбедност на патиштата, Apple првпат потврди дека работи на развој на технологија за автономно возење.

Досега се појавуваа најразлични шпекулации околу автомобилот на Apple. Производителот на iPhone и Mac, во допис до американската агенција за безбедност на патиштата, сега индиректно потврдува дека работи на развој на технологија за автономно возење. Во дописот се бара агенцијата да воспостави подобар баланс меѓу постоечките проекти на ова поле и проектите што се наоѓаат во зачеток. Apple се пожали дека државните институции премногу ги ограничуваат тестирањата на автономните возила.

Исто како останатите производители, Apple во автономната технологија гледа голем потенцијал за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Според компанијата, оваа технологија може да спречи милиони сообраќајни незгоди и илјадници жртви на глобално ниво. Предноста на технологијата што ја имаат развиено Apple е во тоа што нивниот софтвер умее да реагира правилно во потенцијално опасните ситуации.

Проектот Titan за развој на сопствен автомобил е откажан

Светскиот гигант работи паралелно и на развој на автономни системи коишто учат самостојно. Автомобили сепак не се спомнуваат. Шпекулациите околу автомобилот на Apple почнаа во февруари минатата година, во меѓувреме се спомнуваше и за можно преземање на британскиот производител на спортски автомобили и технолошки предводник McLaren, се шпекулираше и за соработка со BMW. Неофицијално, проектот Titan под којшто се развиваше сопствен автомобил, ставен е во мирување.

Со последниов допис до американската агенција, барем се потврдува насоката во којашто се движат работите во Apple – развој на софтвер за автономно возење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова серија краш-тестови на EuroNCAP: Еднаш со три, еднаш со пет ѕвезди

Уникатниот LaFerrari собра над 6,5 милиони евра за Централна Италија