127
17 shares, 127 points

Марката со веројатно најрдото име во историјата Gumpert се враќа во игра со кинески капитал и со нов автомобил. Со забрана за возење по улица, Apollo Intensa Emozione може да беснее само по тркачките патеки.

Германската работилница за спортски автомобили Gumpert се врати од отпишаните. Точно е дека од стечајната маса успеа да се спаси само моделското име Apollo, но и толку е доволно. Apollo сега е автомобилска марка, и тоа каква. Со кинески пари и италијанско мајсторство е развиен комплетно нов автомобил со име Intensa Emozione или кусо IE. Старите модели под логото на Gumpert изгледаат како ученичиња покрај овој нисколетечки болид од карбон.

Apollo Intensa Emozione

Apollo Intensa Emozione го користи секој сантиметар од своите пет метри должина за да постигне чудесии со аеродинамиката. Сите драматични облини, отворите насекаде по возилото, „сплитерите и флаповите“, прават Apollo да се чини познато. Особено на стрипоманите. Овие форми, надвор од реалноста можат да се сретнат само уште во стриповите.

Apollo Intensa Emozione

Можеби фановите на мазно-раскошниот изглед на Lambo ќе негодуваат за дизајнот и ќе го оценат како претеран, но тука сé има точна функција. При темпо тристотини, воздухот притиска врз каросеријата на Apollo IE со 1.350 килограми. Самото возило тежи стотина килограми помалку.

Apollo Intensa Emozione игра чисто, без турбо и со погон само на задната оска

Си-вито“ на Intensa Emozione продолжува да импресионира. Дванаесетцилиндарец од 6,3 литри произведува 780 КС и 760 њутнметри – без било каков турбополнач. Спринтот трае 2,7 секунди, крајната брзина изнесува 335 km/h. Apollo игра чисто и со преносот на силата. Њутнметрите од V12 се пренесуваат само до задната оска, преку шестстепен менувач со секвенцијално-пневматска контрола. Затоа, пак, контролата на тракција има дури 12 степени на работа. Во таква средина не изненадува тоа што подвозјето исто така се дотерува по потреба, заедно со масивниот заден спојлер.

Apollo Intensa Emozione

Преку крилести врати се пристапува во каросеријата што целосно е изработена од карбон – и однатре е обложена со истиот материјал. Место рачка за трепкачи има по едно копче за левиот или десниот палец на воланот. Информациите се прикажуваат на дисплеј, се седи во школкасти седишта обложени со црвена кожа.

Apollo Intensa Emozione

Планирани се вкупно десет примероци од Apollo IE. Производителот сепак нема да банкротира (повторно). Еден примерок чини солидно над два милиони евра. Болидот не смее да се вози по улица, туку само на тркачка патека, или евентуално на приватен посед со сопствена тркачка патека. Цивилна изведба со име Arrow би следела за две години.

Apollo Intensa Emozione


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
17 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730