167
21 shares, 167 points

Google најави партнерство со Audi и Volvo за интеграција на оперативниот систем Android Auto во возилата на обете марки. На конференцијата Google I/O беше прикажано и како во иднина ќе изгледаат новите функции и ракувањето со Android Auto.

Системите Android Auto и Apple CarPlay моментно функционираат само како дополнување на фабрички вградените инфо-забавни системи во возилата. При префрлување од фабричкиот, на системот на Google или Apple, постојат големи разлики во изгледот и во ракувањето. Тоа ќе се промени наскоро.

Верзиите на Android Auto што производителите Audi и Volvo ги прикажаа на конференцијата Google I/O постигнуваат многу подлабока интеграција со возилото отколку досега. Android Auto ги презема сите содржини на главниот дисплеј во кокпитот на возилото. Голем дел од функциите се базираат на Google Assistant.

Android Auto ќе го применува корисничкиот интерфејс на производителот на возилото

Производителите на автомобили сепак решаваат сами за изгледот на корисничкиот интерфејс и за функциите по коишто може да посегне Android. Прикажаниот Audi Q8 Sport Concept поседува дисплеј на допир којшто работи независно од Android, а над него уште еден дисплеј, наменет за Android Auto и со приказ во ист стил со фабричкиот.

Во обемот на функции на овој дисплеј се опфатени навигација преку Google Maps или слушање музика преку Spotify и слични сервиси. Volvo прави чекор понапред и дозволува пристап до функциите на возилото. Кај шведската марка преку Android може да се ракува со климатизацијата или да се мести седиштето. Во обете марки може да се вчитаат саканите апликации. Нивниот изглед ќе се совпаѓа со дизајнот што го има одредено производителот.

volvo android auto google search

Google Assistant извршува многубројни функции со едноставна говорна команда, на пример внесување одредиште за навигацијата. При подлабока интеграција на Android, асистентот може да ги отвора и прозорците, да го намести седиштето или да ја намести саканата температура. При поврзување преку личниот профил на Google, асистентот може да управува и со останатите уреди. На пример, тој може при враќање дома да го вклучи греењето во дневната соба. За сето тоа да функционира, возилото мора да биде поврзано на интернет. Од следната година тоа нема да биде проблем, затоа што сите возила од европските марки ќе располагаат со eCall. Неизвесно останува дали Android Auto и останатите системи ќе можат бесплатно да ја користат размената на податоци.

Проблем може да бидат и софтверските надградби. Мобилните телефони обично добиваат надградби во период од две до три години и се заменуваат по околу пет години. Но, автомобилите се возат и по петнаесетина и повеќе години. На сопствениците на возилата мора да им се гарантира дека ќе добиваат барем безбедносни надградби во подолг временски период.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743