за

Android 4.4 во пораст, доаѓа Android 5.0.1

Најзастапена и единствена верзија на Android во пораст е 4.4 – за една година таа постигна учество од 33%. Сега следува и првото освежување за наследникот 5.0 Lolipopp.

Во месечната статистика за верзиите на Android на Google, Android 4.4 во декември за првпат е единствена верзија со растечки удел. Повеќе од една третина од уредите работат со неа. Учеството на уредите на 4.2 последниот пат достигна 20,8 проценти, а сега опадна на 20,4%. Уделот на паметни телефони со 2.3.3 и постари верзии за првпат падна под 10 проценти.

Според статистиките, Android 4.4 за една година се најде на една третина од уредите. Таа се појави во статистиките за првпат во декември 2013, а Google ја претстави во октомври 2013. Кај Android 4.2 исто така беше потребна една година за соборување на границата од 33 проценти во август 2013. Овие периоди порано беа покуси. Android 2.2.3 достигна 38 проценти по само осум месеци во октомври 2011, а Android 2.2 дури по четири месеци во октомври 2010.

Кај големината на уредите има мали промени. Една третина се нормални паметни телефони, една шестина се поголеми, уште една шестина се фаблети, една шестина се помали паметни телефони и точно 12 проценти се таблети.

Android 5 уште не се појавува во статистиките и моментно работи на помалку од еден процент од уредите. Тој сепак е достапен само на LG G3, Nvidia Shield, неколку модели на Motorola и на Google Nexus 4, 5, 6, 7, 9 и 10. Тој исто така не се испорачува секаде преку OTA-апдејт, туку најчесто бара и нова инсталација со губење на сите местења. Деновиве се очекува апдејт и на верзијата Play на Sony Xperia Ultra. Блогот SamMobile го има „ѕирнато“ Samsung Galaxy Note 4 со Lollipop. Апдејт следува и за Galaxy S5, Note 3 и за верзијата Play на S4.

Google веќе го издаде првиот апдејт. Open-Source-гранката AOSP доби Android 5.0.1, a Factory-Images моментно се достапни за Nexus 9 (WiFi), Nexus 7 2013 (WiFi) и Nexus 10. Google уште нема објавено белешка со промени, апдејтот веројатно ќе ги поправи малите грешки и ќе го содржи кодот за следниот апдејт на варијантата на Android Wear за паметни часовници.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari FXX K нема против кого да се трка

YotaPhone 2 со дисплеј E-Ink пристига до крајот на годинава