за

Во возачката академија на AMG се учи во Лапонија

mercedes-amg zimski trening
mercedes-amg zimski trening

AMG со огромно задоволство го најавува стартот на новата сезона зимски обуки за возење во најсеверните делови на Шведска. Воведени се неколку новитети во врвната возачка школа во Лапонија. За возачките вежби стои на располагање површина со големина од 337.000 метри квадратни. Имајќи предвид дека се вози во прочуениот регион Арјеплог, не е за чудење тоа што подлогата за возење е замрзнато езеро.

Целата површина за возачки тренинг што ја имаат подготвено експертите на AMG Driving Academy одговара на површина од 47 фудбалски игралишта. Најголемиот дел отпаѓа на патеки и рути за контрола на управливоста коишто се именувани според најпознатите тркачки патеки во светот.

Возниот парк го сочинуваат Mercedes-AMG A 45 S 4-Matic+, C 63 S Coupé, GT S и GT 63 S 4-Matic+. Тренинзите се организирани од AMG-Experience, посебна туристичка компанија во рамките на спортската марка на Mercedes. Датумите за обука се во периодот од почетокот на јануари до крајот на март. Може да се избира меѓу 14 најразлични видови на обуки. Почетно ниво е „AMG Winter Sporting Experience“, врвот се води како „AMG Winter Sporting Pro Week“, за врвни возачки и дрифт мајстори.

Еден од новитетите во претстојната сезона е „AMG Winter Sporting Adrenalin Special“, кадешто меѓу другото се лета со хеликоптер над терените што се користат за екстремните тренинзи, но секако и за уживање во единствениот крајолик. Дел од оваа програма е возење со моторни санки, во средина за којашто тие се вистински создадени.

Играње голф на прагот на Поларниот Круг исто така е во доменот на AMG

Друг новитет е „AMG Winter Sporting Golf Special“, програма изведена заедно со амбасадорот на AMG и тркач Маро Енгел, како и со некогашната возачка ѕвезда вo ДТМ, Бернд Шнајдер. Како што може да се претпостави, во оваа програма е вклучено играње голф, буквално пред да почне Поларниот Круг.

Околу цените е најдобро да се контактира директно со претставништво на Mercedes и Mercedes-AMG. Местата обично се пополнуваат веднаш по најавата на стартот на новата сезона.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota mirai 10000 motomachi

Toyota произведе 10.000 примероци од „водородниот“ Mirai

електромобилност настан септември

Електромобилност: Македонски компании и институции градат имиџ врз погонот на струја