за

Alpine стартува со нарачки за новиот спортски модел на Французите

На невидено, 1.955 идни сопственици ќе платат по 60.000 евра за примерок од воведната серија на моделот од реанимираната француска марка Alpine. Според концептниот автомобил од салонот во Женева во март и тоа што сега се потврдува со „маскираните“ примероци од серискиот Alpine, ексклузивната серија ќе се распродаде брзо. Единствено треба да се чека малку подолго на испораката.

Легендарното име од релито Монте Карло и предизвици слични на него, марката спортски автомобили Alpine, повторно е на сцената, како засебна марка во групацијата Renault. Во почетокот од годинава, Alpine го прикажа концептниот автомобил под име Alpine Vision на салонот во Женева, како најава за серискиот модел. Тој веќе се подготвува за премиерата.

alpine premiere edition 2

Преку вебсајтот на Alpine, заинтересираните купувачи можат да се регистрираат за примерок од воведната серија „Premiere Edition“ од новиот француски спортист, којашто ќе биде достапна во само 1.955 примероци – според годината на основањето на „првиот“ Alpine. По симнувањето на соодветната апликација од вебсајтот, купувачите мора да депонираат по 2.000 евра за моделот што според најавата на самиот производител ќе чини меѓу 55.000 и 60.000 евра.

Предокот Alpine A110 е меѓу најпрепознатливите спортски купеа воопшто

На фотографиите од маскираното спортско купе се потврдува ветувањето на Alpine дека серискиот модел речиси целосно ќе одговара на изгледот на Alpine Vision. Дизајнот секако дека игра важна улога кај оваа марка, имајќи предвид дека Alpine A110 од 1960-те години е меѓу најпрепознатливите и најобожувани спортски купеа воопшто.

Но, и во механиката не се препушта на случајот. Alpine официјално потврдува дека забрзувањето до сто на идниот, веројатно A120, ќе изнесува 4,5 секунди. За тоа да се случи, спортскиот двосед ќе мора да тежи помалку од 1.000 килограми, доколку се потврди шпекулацијата дека за погонот ќе биде задолжен 1,8-литарец со турбонатполнење и 270 КС

По премиерата во Женева, првите примероци од новиот Alpine ќе бидат испорачани кон крајот на следната година. Дотогаш, новата гордост на француското производство на автомобили ќе биде достапна во само 13 држави, главно на најголемите пазари во Европа, а дополнително и во Јапонија.

[FAG id=26669]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Faraday Future побрз од Ferrari, Tesla и Bentley

Apple CarPlay достапен во повеќе од 200 автомобилски модели